Искра Ветерова е родена на 09 април 1973 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во 1995 г. Од 1999 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
Селективна театрографија
Олга Коклова (Госпоѓиците од Авињон, 2018), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Македонски народен театар;
(Викај ги среќа, 2016), автор: Златко Славенски;
Офелија (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар.