Предупредување
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 983

Актери

Статус на актер

Сите

%PM, %13 %576 %2014 %14:%Мај

Посети

  Пензионери од Скопје во посета на новиот театар Воодушевени од грандиозноста на објектот Над стотина пензионери од Скопје предводени од претседателот на СЗПМ Драги Аргировски на 30 август 2013 година го посетија новиот објект на Македонскиот народен театар. Во придружба на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уметничкиот директор…
published in Новости
%PM, %15 %862 %2014 %21:%Мај

Техника

[vc_row][vc_column el_class=".pozadina"][vc_column_text]Македонскиот народен театар располага со најсовремена сценска механизација, врвен аудио систем, комплетен светлосен парк како и подсистеми за видео репродукција, продукција, систем за симултан превод и останата помошна техника. За сите детали чувствувајте се слободни да нѐ контактирате![/vc_column_text][vc_images_carousel images="3590,3592,3593,3594,3595,3596,3597,3598" onclick="link_image" custom_links_target="_self" mode="horizontal" speed="2000" slides_per_view="2" autoplay="yes" hide_prev_next_buttons="yes" img_size="full"][/vc_column][/vc_row]

published in За МНТ
%PM, %16 %599 %2014 %15:%Мај

Историјат

Стар објект на МНТ

За основоположници на театарот во Македонија се сметаат Јордан Хаџи Константинов–Џинот, драмски писател, преродбеник и учител, Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер, како и актерите Петре Прличко и Димче Трајковски. Тие со своите патувачки трупи и групи прават театар на отворено, по кафеани, во општински згради и разни импровизирани простори. Најчесто се играни комедии кои ја развеселувале публиката и кратки актовки, скечеви и драматизации на романи и приказни. Изведбите биле едноставни и сиромашни во поставка, но значајни по творечката активност, репертоар на македонски јазик и со македонска проблематика, а преку тоа и на процесот на ослободување на народот и земјата.

Првиот професионален/институционален театар на територијата на Македонија е Нaродно позориште – Скопје, формиран 1913 година од реномираниот српски комедиограф Бранислав Нушиќ. Формиран е во таканаречениот Турски театар, наречен и Ада Кафе, изграден 1906 година, кој Нушиќ таа 1913 година го адаптира во прв скопски театар, а отворен на 27 декември истата година. За жал, по само четириесеттина дена, театарот изгорел до темел.Стариот театар

По пожарот Нушиќ ја гради таканаречената Театарска арена изградена за само три месеци. Таа несмасна градба им служела на Скопјани од мај 1914 до 15 јули 1915, кога градската управа решила да ја урне, верувајќи дека Стар театар ќе биде вселен до почетокот на сезоната, но воените случувања во тоа време го попречиле овој план. Иако без соодветна зграда, соодветни услови за работа и мал актерски ансамбл, Театарот работи мошне активно. Поставените претстави, освен во многу ретки исклучоци, се играат на српски јазик, официјалниот јазик на тогашната држава, односно сė до 1940 година. Се поставуваат пропагандни претстави, пиеси со пеење и пукање, лесни комедии – со цел да се задоволи интересот/вкусот на пошироката публика, а поставуван се/играни и претстави според дела на странски автори.Во јануари 1919 година, Нушиќ ансамблот го вселува во кафеаната „Зрински“, поради тоа што Скопје, во тој миг разурнато од војната, немало соодветен театарски простор. Летото истата година, изградена е втората Арена (повторно од страна на Нушиќ и повторно за три месеци). Тоа е ново време: театарот е организационо и технички модернизиран; репертоарски е насочен кон популистички, забавувачки, пропагандистички и банални претстави; ангажирани се квалитетни режисери-гости од Србија; се формира мал балетски и оперски ансамбл; детска сцена и се започнува со гостувања/турнеи низ цела Македонија. Се поставуват дела од српската драмска литература, како и дела од странската литература (класични и реалистички драми), репертоар кој не е прилагоден на потребите и вкусот на народот.

На 16 октомври 1927 година, во Скопје, свечено е отворена новата зграда на преименуваниот театар Народно позориште Краљ Александар I. Овој театар активно работи до 1941 година. Најуспешен период му е помеѓу 1935 и 1941 година, кога со него раководи Велимир Живоиновиќ-Масука, писател, поет, драматичар, афирмиран театарски рецензент и докажан театарски творец. Токму ерата на Живоиновиќ, и на драматургот Слободан Јовановиќ, е онаа во која се развива македонската битова драматика/драматургија и се поставуваат сите клучни пиеси од таканаречениот „втор битов бран“ – Печалбари на Антон Панов (1936), Чорбаџи Теодос на Васил Иљоски (1937), Парите се отепувачка (1937) и Антица на Ристо Крле (1940).

Со промената на власта/политиката, доаѓа и до промена во политиката и делувањето на театрите. Театарот во Скопје паѓа под бугарска управа и се преименува во Народен театар – Скопје. Работи од 1941 до 1944 година, и се зборува/игра на бугарски јазик. Се играат пиеси од бугарски автори. Репертоар имал за цел да ја зајакне бугарската политика и националната свест, како и нејзините естетски критериуми. Претставите ги поставуваат бугарски режисери, сценографи и костимографи.

Стариот театар - внатреВо периодот помеѓу 1941 и 1944 година, група македонски актери, режисери и уметници делуваат во рамките на партизанскиот театар. Дел од нив се Петре Прличко, Илија Џувалековски, Илија Милчин, Тома Владимирски, Василије Поповиќ-Цицо и други. Во основа театарот е пропаганден и политички и се темели на прикажување на програма составена од рецитали, импровизации и скечеви, кои прераснувале во едночинки. Темите кои најчесто биле обработувани се директно врзани за тоа време – партизански или едукативни. Имајќи ги во предвид условите и воените околности во кои работат, едночинките биле прикажувани на импровизирани конструкции на било каков празен простор, со едноставен декор, најчесто само маси и столици.

Имајќи ја зад себе традиција од патувачките и општинските театри и театрите на други јазици, преку аматерските градски театри кои ја започнуваат активноста веднаш по ослободувањето, во Македонија во средината на ’четриесеттите години започнуваат да се основаат првите професионалните театри на македонски јазик. По ослободувањето, веќе афирмираните македонски театарски дејци продолжуваат активно да се занимаваат со театар. Се сместуваат во различни општински згради и институции, организирано подготвуваат драмски претстави, патуваат низ Македонија и го развиваат и обновуваат театарскиот живот на ново ниво, со примарен центар во Скопје. На тој начин ги поставуваат темелите на новоформираниот Македонски народен театар во Скопје, со што започнува нова ера. Работи во тогаш единствениот театарски објект во градот кој е изграден на иницијатива на Бранислав Нушиќ – од левата страна на Вардар. Формирањето на Македонскиот народен театар е на 31 јануари 1945 година на Президиумот на АСНОМ, со решение бр. 581/45, со што официјално започнува со работа оваа сценско - уметничка куќа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар - драматург. Првата претстава премиерно е прикажана на 3 април 1945 година: драмата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески. 

Македонски народен театар, по формирањето и натамошното постоење/создавање, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот. Создава свое место на мапата на Македонија, на мапата на некогашна Југославија и надвор од неа. Во однос на репертоарот, односно делата што се поставаат на сцена, исто поминува низ периоди кои се важни за неговото созревање: фаза на ре/откривање на македонските автори и драматургијата – Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски и други; фаза на поставување на дела од руските и класичните дела; фаза на дела од американски современи автори; негување и афирирање на новиот домашен автор, фаза на социјални и реалистични теми, психошки и поетски драми, современи и пост-модернистички драми/дела.

Стариот театар - гледалиштеВо мај 1947 година е формирана Операта при Македонски народен театар. Најплодниот период Операта го има помеѓу 1948 и 1963 година, кога се поставуваат две третини од вкупниот број на реализирани оперски премиери на овој ансамбл. Репертоарот во тој период е заснован на различни оперски жанрови, првенствено на дела од италијанското творештво на 19. век, а во помал број се реализирани изведби на дела од француската и германска класика, како и дела на современи композитори.

Во 1949 година и официјално е формиран и Балетот при Македонски народен театар. На почетокот се поставуваат дела од класиката, односно странски автори. Во 1953 година на сцената на Балетот при Македонскиот народен театар е изведена првата балетска претстава со национална назнака Македонска повест, работена на музика на Глигор Смокварски, и поставена од еминентниот кореограф Димитрије Парлиќ. Она што го карактеризира Балетот е дефинириниот репертоар со балетски дела на музиката од познати светски и македонски композитори, заокружен едукативен процес, перманентната сценска дејност која профилира квалитетен кадар и, во разни периоди гостувања на значајни кореорграфи и педагози, кои придонесуваат за брз и успешен развој и постојан уметнички раст на ансамблот.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, објектот е урнат, а од 1965 година трите ансамбли на Македонскиот народен театар работи во тогаш изградениот монтажен објект. Во 1983 година се вселува во новоизградениот објект, во кој денес работат Македонската Опера и Балет. Во 2004 година со Националната програма за културен развој на Македонија се изврши формално-правна поделба на Македонскиот Народен Театар на две национални установи – Македонски народен театар - драма (МНТ - драма) и Македонска опера и балет (МОБ). Поради сценско-уметничките потреби на оперско-балетските претстави, МОБ останува во овој објект, а за драмскиот ансамбл се гради новиот објект на МНТ - драма.

published in За МНТ
%PM, %18 %666 %2014 %16:%Мај

МНТ во медиумите

НАЦИОНАЛНИОТ ТЕАТАР НАЈАВУВА ЗНАЧАЈНА ГОДИНА

Морфов, Пандур, Поповски – лига на шампиони во МНТ Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците и нова генерација млади актери – објаснува уметничкиот директор на МНТ, Дејан Пројковски. Сребра Ѓорѓијевска До пред некоја година се радувавме кога можевме да проследиме нивни претстави од странски продукции, а годинава ќе ги имаме тројцата во една година, вели уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, во врска со работата на големите режисерски имиња годинава. Иван Поповски, Александар Морфов, Томаж Пандур се сон за секој театар, а македонската публика ќе може да ги ужива годинава. Сите со големи класични наслови ќе и се посветата на програмата на МНТ. Со нивни нови продукции Морфов и Пандур ги гледавме лани, а годинава нивните имиња ќе бидат впишани во репертоарот на најголемиот национален театар во земјава. За уметничкиот директор на театарот, Дејан Пројковски, МНТ годинава треба да ја потврди својата зрелост. - 2015-а година си ја нареков лига на шампиони и мислам дека е многу клучна. Со доаѓањето на Андриј Жолдак се проверивме дека можеме да испорачаме квалитет што се бара, а и дали МНТ може да си дозволи да му се случуваат нови големи работи. Ме радува тоа што посебно Жолдак во разговори во Русија, вториот дел на „Електра“ си го нагласува како нов творечка насока. Фактот дека влеговме во големи преговори со театарски фестивал од Виена за 2016 година за копродукција што би ја работел токму тој, зборува за тоа колку тој бил задоволен овде. Важно е да создаваме големи претстави – вели Пројковски. МН1: Добрите режисери го јакнат ансамблот Тој додава дека во последните две години го освојувале новиот простор во сценска смисла, а следна фаза би било да се спојат сите придобивки за да се спои големиот ансамбл и технолошките придобивки. - Дојде време да не се радуваме на претстави само на МОТ, на Охридско лето, да чекаме специјални гостувања, ами ги имаме режисерите кај нас и тој процес на работење два-три месеца ќе даде дополнителен образовен елемент кај нашите актери. После такви процеси театарот едноставно станува позрел, се гледаат недостатоците, се гледа новата генерација млади актери – објаснува Пројковски. Прва премиера што би излегла годинава ќе биде „Вујко Вања“ на Зоја Бузалковска, која во МНТ последен пат работела во 1999 година на премиерата на „Песочна сложувалка“. Би следела премиерата на „Дон Кихот“ од бугарскиот режисер Александар Морфов. Пројковски објаснува дека уште во студентските денови ја следи неговата работа на театарските сцени во Софија, а особено во театарот „Иван Вазов“, каде Морфов неодамна стана уметнички директор. - Студирав во Бугарија и тогашниот Народен театар беше на многу ниско ниво. Морфов ја работеше „Бура“ во театар „Софија“, а „Волшебна ноќ“ во Враца. Кога гостуваше во „Иван Вазов“ со тие две претстави, во тој театар се случи револуција. Преку ноќ почна да се полни со публика. Според мене, Морфов и Лили Абаџиева се меѓу најзаслужните режисери што го прават тој театар да биде голем каков што е – смета Пројковски. Наесен се очекува да излезе премиерата на „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков, чии проби уште лани ги почна Иван Поповски. Нашиот културен амбасадор во Русија ќе и се врати на својата актерска екипа на пролет, кога треба да се заврши претставата. Поповски последен пат во Македонија ја постави „Маседоан Одисеја“ во далечната 2001 година. Големиот словенечки режисер Томаж Пандур, која лани беше гостин на „МНТ-фест“ со неговата „Медеја“ ќе почне со работа 1 октомври. Првичниот план е да ја работи „Зимска бајка“ од Шекспир, но можно е да се премисли и да ја работи „Фауст“, објаснува Пројковски. МНT: Голем театар и годинава Заедно со в.д директорот на театарот, Дејан Лилиќ, веќе се работи на програмата на новото издание на „МНТ-фест“. - Годинава ќе обрнеме внимание на нови работилници, а неколку гости што ќе ги поканеме, ќе настојуваме да режираат в година, исто како што направивме со Морфов и Пандур. Повторно ќе собереме големи национални театри. Ако лани го имавме „Глоуб“ и годинава ќе имаме голем театар од Европа. Во моментов веќе имаме на ум две-три имиња што би работеле во наредните две години – вели уметничкиот директор и додава дека една од најважните работи за театарот годинава ќе биде да се отворат вратите кон светот, а факт дека тоа почна да се случува е поканата во април да гостуваат на меѓународен фестивал во Националниот театар од Будимпешта, со претставата „Вечната куќа“. Во однос на помладата публика, театарот ќе реализира проект за соработка со средните училишта. Имено, по избор на училиштата, годишно би се поставувале по една до две претстави според лектирни изданија, а младите ќе можат да го видат театарот и зад сцена. Пројковски е задоволен од изборот на новите режисери, драматурзи што ќе го градат имиџот на оваа институција. - Последните неколку години се многу важни за културата, се реши проблемот на театарската зграда. Досега генерално сите игравме во мизерни услови. Втората фаза е влезот на драматургот во театрите. Тоа е голем потег. Влезот и на режисерите ќе го засили чувството на трупа и можноста секој театар да си се издвои, тие ќе го освестат повеќе репертоарниот момент. Успеавме да го вработиме Дејан Дуковски, тој е икона и неговото место е тука. Земавме и млади автори кои ќе можат да растат со МНТ – појаснува Пројковски. Во МНТ во тек е избор на нов директор. Четиригодишниот мандат на Дејан Лилиќ истече во ноември, а Владата се уште се нема изјаснато дали актерот ќе добие втор мандат или ќе биде заменет со ново име. Сребра Ѓорѓијевска  

Како да се дофати вечноста

Претставата „Вечна куќа“ со која се отвори Стариот театар го воспева животот и уметноста, потсетувајќи не' дека историјата е само фрагмент

Сунчица Уневска

Ништо не може да биде исто во една куќа која е сведок на изминувањето на вековите, во куќа низ која поминале толку животни судбини, толку различни светови и случувања, во една куќа чии одаи се преполни со приказни. „Сопственоста е фикција“, ќе извика авторот Јордан Плевнеш на крајот на приказната за „Вечна куќа“, упатувајќи неверојатно силна порака, не само за нас, не само за Македонија, туку за целиот свет. Чија е куќата која стои како нем сведок, низ која протатниле толку народи, такви историски пресврти, среќни и несреќни мигови, тажни и весели настани, чија е куќата, која е преполна со духови, во која индивидуалната меморија се судира со колективната. Може ли некој со сигурност да каже дека ова е негово парче земја, парче кое во себе носи толку многу спомени.

„Вечна куќа“, грандиозната и епска претстава во режија на Дејан Пројкоски, а според драмскиот текст на Јордан Плевнеш, со која прексиноќа започна со работа Стариот театар, односно новото репрезентативно здание на МНТ, донесе неверојатна енергија, донесе една поинаква поетика, раскошна визуелност, моќен настап на осумдесетина актери и мноштво перформанси. „Вечна куќа“ е претстава која на моменти заслепува со своите идеи, со многубројните кореографски и сценски решенија, со играта со светлината и подвижноста на сцената, со моќноста тука на едно место да ги долови на свој начин амбиентите на Њујорк, Париз, Ерусалим. Тоа е претстава за вечноста и за прашањата кои се вечно присутни, за идентитетот, за љубовта, за уметноста, за Господ, за историјата, но и за местото на сите оние дејци кои оставиле силна трага зад себе. Како да се зачува вечноста и дали е можно тоа, како да се зачува среќата за своите најблиски, како да се најдат корените, како да се гледа во иднината?

Копнежот и желбата на главната хероина Стела Бенвениста се оние што ја водат цели 63 години, додека на ѕидот на плачот во Ерусалим секој ден го носи своето ливче барајќи ја куќата која петстотини години е во владение на нејзиното семејство. И кога по толку време ќе и' се оствари желбата и како 83-годишна старица ќе тргне за Скопје без своите лекови, кои веќе не и' се потребни да ја одржуваат во живот, ќе се најде во вителот на светските случувања, ќе се најде во вителот во чие средиште се крие прашањето за вечноста, прашањето во кое се прекршуваат светската и македонска историја. Како Стела да го пронајде во нив своето загубено детство, своите сеќавања, како да му донесе мир на своето семејство. А како, пак, нејзиниот адвокат Поплавски, специјалист по меѓународно право, да излезе на крај со сите оние духови кои сметаат дека имаат право на куќата или право на свое место во вечноста.

Беше тоа вистински театарски празник и вистински настан за отворањето на еден ваков објект, кој не само што требаше да ја врати меморијата за едно време, меморијата за незаборавниот Стар театар што беше урнат во земјотресот во 1963 година, туку треба да биде и музеј на нашата театарска, но и, воопшто, на историјата на ова парче земја. Преполна со енергија, со љубов, со посветеност, преполна со динамика и движење на самата сцена, оваа претстава успева да донесе многу емоции, успева да ве натера да се пронајдете во неа, но и да го донесе чувството на флуидност, на недофатливост. Чувството на блискост и на најголема далечина и чувството на далечност и при најголема близина. Едноставно, претставата пулсира со еден неверојатен ритам кој носи толку многу живот, толку приказни, верувања, исчекувања, но и кошмари и стравови, кој го носи животот и вечните прашања проткаени во него.

Претставата „Вечна куќа“ е многу долга, нешто повеќе од три часа, но таков е и нејзиниот приод кон историјата, кон неправдите, кон повторувањето, кон прашањата кои никогаш не престануваат. Но, и покрај должината, мора да се каже дека изненадува инвентивноста во сценските и визуелни решенија, кои се на моменти толку моќни што успеваат и сами за себе да наметнат енергија, да наметнат емоции. Надополнувајќи ја, секако, прекрасната приказна за Стела Бенвениста, за нејзините копнежи, сонови, очекувања, за нејзините сто клуча, чие преоткривање не можела да го предвиди ни во сонот.

Искра Ветерова е фасцинантна во улогата на Стела, на жената која се судира со такви предизвици кои колку што носат тага, толку носат и животна вистина. Младата Дарја Ризова (Естел) го носи полетот, вербата и онаа силна младешка убеденост дека се' ќе се среди само ако во тоа пресилно верувате, додека Драгана Костадиновска како Естреја на извонреден начин ја носи својата бунтовност, реалност, љубов и трагање. Тони Михајловски во улогата на адвокатот на многу точен начин ја дозира целата енергија со која го работи проектот за Стела или проектот „Вечна куќа“ и, секако, целиот ансамбл, кој така сплотено и со таква енергија успева да направи вистинска театарска симфонија.

Беа тука и доајените на македонското глумиште без кои овој настан немаше да биде ист. Ристо Шишков се појави на сцената, во улогата на неговиот син Васил Шишков, барајќи ја својата духовна револуција. Беше тоа ноќ за паметење, која на најдобар можен начин започна да испишува една нова театарска историја, но можеби и да не' натера за миг на поинаков начин да погледнеме на историјата. Беа тука и нашите соседи, министри за култура и нивни заменици од Црна Гора, Бугарија и од Косово, беа тука и претставниците на УНЕСКО, но и Педро Кудел, почесниот конзул на Македонија во Лисабон, во чија куќа, како што рече авторот Плевнеш, пред 12 години почнал да ја пишува оваа драма. Драма која во многу нешта треба да донесе пресврт, а која Јордан Плевнеш им ја посвети на своите браќа Љубе и Владо Цветановски.

Така сакаме и да ја паметиме, како нешто кое ќе ги воспева животот и уметноста, и во кое историјата е само фрагмент, кој секаде и секогаш се менува, онака како што оваа нова сцена со најсовремени технички перформанси се менуваше за време на претставата. Одлична работа, покрај Дејан Пројкоски, завршија и сценографот Валентин Светозарев, костимографот Благој Мицевски, авторот на музиката Горан Трајковски и гостите-кореографи Александар Илиев од Бугарија и Сташа Зуровац од Хрватска, како и дизајнерот на светло со светско реноме Денис Шешниќ од Хрватска. Како што, впрочем, и рече Сташа Зуровац, дека со отворањето на овој театар се отвора нова ера, и тоа не само во македонскиот театар. Посакуваме така и да биде.

published in Содржина
%PM, %05 %603 %2014 %14:%Ное

Гратис билети и попусти

На студентите им даваме можност без надомест да ги посетуваат претставите, кои се во продукција на НУ Македонски народен театар, а се на репертоарот секој четврток. Од плаќање влезници целосно се ослободуваат децата без родители од 18 години, и 50% ослободување од плаќање влезници за лицата, кои до 18 годишна…
published in Новости
%PM, %03 %700 %2014 %16:%Дек

Театарски маратон

По повод една година од отварањето на новиот објект и од првата изговорена реплика „Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш“ во претставата Вечната куќа по текст на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски, која беше премиерно изведена на 07 декември 2013 год. По тој повод Македонскиот народен…
published in Новости

На сцената на Македонскиот народен театар беа изведени светски и македонски хитови во изведба на актерскиот ансамбл. Настапиа и пријателите од другите театри, а публиката уживаше во хитовите на Верица Ристевска, Оливер Мандиќ, Плави оркестар, ABBA, The Doors, James Brown… Концертната манифестација беше одржана по повод денот на љубовта и виното и беше синоним за добра забава, дружење и позитивна енергија. Фотографиите се превземени од порталот Fashionel[/vc_column_text][ozy_gallery images="5423,5424,5425,5426,5427,5428,5429,5430,5431,5432,5433,5434,5435,5436,5437,5438,5439,5440,5441,5442,5443,5444,5445,5446,5447,5448,5449"][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][/vc_column][/vc_row]

published in Содржина
Вистинските мајстори на театарот најлесно може да ги најдеме надвор од театарските сцени. Обично тоа се луѓе кои не го третираат театарот како вид на машина за репродуцирање на клишеа и конвенции. Токму тие ги пронаоѓаат пулсирачки извори и живи текови на реките, кои најчесто ги избегнуваат театарските сали и…
published in Новости
Во рамките на новата репертоарска програма во Македонскиот народен театар привршуваат подготовките на мега-спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, а во режија на Иван Поповски, кој веќе 27 години од својот живот работи и твори низ театрите во руската престолнина Москва. Театарскиот режисер Иван Поповски (1969) студиите…
published in Новости
Закажана е нова прес-конференцијата на 10 јули (четврток) во 11 часот. На сцената на Македонскиот народен театар завршуваат подготвките на претставата „Електра“  во режија на Андриј Жолдак , едно од најголемите европски режисерски имиња на денешницата. Андриј Жолдак во 2014 година е добитник на наградата  „Златна маска“ за режија која претставува највисоко признание од…
published in Новости
Страница 4 од 79
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk