Актери

Статус на актер

Сите

Првенецот на Македонскиот народен театар,Тони Михајловски е добитник на Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за 2022 година Честитки драг Тони!
published in Новости
%AM, %15 %470 %2022 %11:%Ное

СИТЕ СМЕ ПТИЦИ

Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.
Во драмата на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло, Важди Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата  девојка Вахида (американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна…

 

%AM, %16 %493 %2022 %11:%Ное

Славко Нинов

Славко Нинов (1945 - 2019) дипломирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на филозофија и книжевност. Целиот работен век од 1965 година до пензионирањето го минува во Македонскиот народен театар. Во периодот од 1988 до 1993 година ја извршува функцијата директор на Драмата при МНТ.

 

 

СЕЛЕКТИВНА ТЕАТРОГРАФИЈА

  • Поетот (Мартолозот, 1992), автор: Григор Прличев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Симон Вебер (Големиот брилјантен валцер, 1986), автор: Драго Јанчар, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Епитропот Ојлуле (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Клеонт (Граѓанинот благородник, 1982), автор: Жан Батист Поклен Молиер, режисер: Димитар Христов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (По претставата, 1981), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Молскавици, 1981), автор: Коле Неделковски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Пафтен појас, 1981), автор: Миле Поповски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Морнарот, Клемансо, Лекарот (Кандид, 1980), Автор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Зилов (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Џон Рафаел Панајотис (Кенгурски скок, 1979), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Прв стотник (Алексијада, 1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Суд, 1978), Автор: Коле Чашуле, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • ('48, 1977), автор, адаптација и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Нестор (Студенти, 1977), автор: Бранко Пендаровски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Анѓеле (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1976), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор, адаптација и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (На сончевата страна, 1975), автор: Иво Андриќ, режисер: Коле Малинов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Живко (Потоп, 1974), автор: Бранко Пендаровски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Лем Костадиноски (Ѕидот, водата, 1973), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Пејачот (Хелдерлин, 1973), автор: Петер Вајс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Камило (Скуп, 1973), автор: Марин Држиќ, режисер: Димитар Ќостаров и Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Докторот (Децата на сонцето, 1973), автор: Максим Горки, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Прв Астроном, Втор секретар (Животот на Галилеј, 1972), Автор: Бертолт Брехт, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Шутот (Крал Лир, 1972), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Вукан Диневски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Сека Топун (Зајдисонце, 1971), автор: Исак Бабељ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Филеос (Херкул и оборите на Авгиј, 1971), автор: Фридрих Диремант, режисер: Ѓорѓи Стојановски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Балтазар, слуга на Порција (Венецијанскиот трговец, 1970), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Хуго Клајн, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Пилад (Електра, 1970), автор: Данило Киш, режисер: Лидија Веанова, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Парите се отепувачка, 1970), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Јежи, Полјак (Дабот и ангорските зајаци, 1969), автор: Мартин Валзер, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Старки, војник (Играта на наредникот Мазгрејв, 1969), автор: Џон Арден, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Фидан, печалбар (Печалбари, 1969), автор: Антон Панов, режисер: Петре Прличко, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Другарот Двојкин (Бања, 1968), автор: Владимир Мајаковски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Втор штрајкбрехер (Мајка, 1968), автор: Бертолт Брехт, режисер: Предраг Динуловиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Прв другар (Вител, 1968), автор: Коле Чашуле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Џон (Живот во моите раце, 1968), Автор: Питер Јустинов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Лакеј (Сенка, 1967), автор: Евгениј Шварц, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • (Антигона, 1967), автор: Софокле, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Езли (Време од вашиот живот, 1967), автор: Вилијам Саројан, режисер: Бранко Ставрев
  • Циганинот (Случајот во Виши, 1967), автор: Артур Милер, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • Мишка, момок на Градоначалникот (Ревизор, 1966), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
  • Лазарил (Дон Цезар од Базан, 1965), автор: Хосе Ечегерај, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје

АДАПТАЦИИ И ИНтЕРПРЕТАЦИИ

  • (Македонски монолог, 1979), автор: Гане Тодоровски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Автобиографија, 1980), автор: Марко Цепенков, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Реферат, 1980, Автор: Никола Вапцаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Беседа, 1980), автор: Григор Прличев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
  • (Круг, 1980), автор: Матеја Матевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје

СЕЛЕКТИВНА ФИЛМОГРАФИЈА

  • (Илинка, ТВ филм, 1975), режија: Вељо Личеноски
  • (Вител, ТВ филм, 1972), режија: Александар Ѓорѓевиќ
  • (Ветар во кутивче ќибрит, ТВ филм, 1970), режија: Лидија Вељанова
  • (Враќање од рајот, ТВ филм, 1969), режија: Димитрие Османли

 

ТВ-серии

  • (Волшебното самарче, 1975), режија: Драган Бјелогрлиќ, Србија

 

Друго

  • интерпретации на стихови од македонските поети Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Блаже Конески, како и на делото „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков
  • еден од основоположниците на културната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“
published in Актери
    На сцената на Македонскиот народен театар на 17 декември премиерно ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на реномираниот Слободан Унковски.  Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и…
published in Новости
%AM, %19 %412 %2022 %09:%Дек

Бакхи:Агава

ОД БАХАНТКИТЕ ДО АГАВА
Во „Бахантките“ на Еврипид, една од Тебанките која го прифаќа култот на Дионис — Агава, поголемиот дел од драмата го поминува „надвор од сцената“, таа е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите (машки) ликови: пред сè синот Пентеј, таткото Кадмо, Дионис, но и Гласникот, сведокот на баханалиите. Значи, Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на линијата меѓу Пентеј — Дионис, Агава прозборува само во последниот чин, по чедоморството. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира/обработи и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се обидовме да го дефинираме коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Прашањето од кое тргнавме е: која е оваа жена денес?
Од текстот сосема го отстранивме божествениот, односно митолошкиот аспект и приказната за Агава и Дионис ја поставивме во рамките на трагедијата на животите на обичните смртници. Така, Дионис не сака признание во градот, туку во рамките на семејството кое се откажало од него уште како бебе - тој е човек без идентитет, желен да припаѓа некаде и да биде прифатен. Од друга страна, Агава е самохрана мајка, работничка во фабрика за преработка на текстил, која своето секојдневие го поминува служејќи им на другите дома и на работа. Овие двe осамени единки се препознаваат и се обидуваат да создадат микросвет во кој ќе го добијат она што им недостига. Доаѓањето на Дионис го буди сознанието во Агава дека таа може да биде многу повеќе од невидлива и експлоатирана, подредена жена. Но, нејзиното ослободување носи трагични последици.
 

Тамара Барачков, драматург

Напомена - во претставата се користи стробо - односно појаки светлосни ефекти

Претставата е копродукциски проект помеѓу: Перипетија продукција - Скопје, РСМ НУ Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција.

published in Мала сцена
Премиера на претставата „Бакхи: Агава“    На 27 декември, во просторот на балетската сала при Македонскиот народен театар, премиерно ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“, сопоред Еврипид и Тамара Барачков. Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите машки ликови.…
published in Новости
Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар…
published in Новости
  РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на ден 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит. Во спомен на Кате - актерка со ведар…
published in Новости
  Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството. Благодарение на актерката Весна…
published in Новости
%PM, %15 %516 %2023 %12:%Фев

Мој термин

Можеме ли компулсивно-опсесивните нарушувања да ги читаме како парадигма на нашето современо живеење? Колку во ова време на високи технологии, сепак, се соочуваме со недостаток на вистинска комуникација? Дали надминувањето на сопствените проблеми, стравови, опсесии и фрустрации можеме да го пронајдеме во решавањето на проблемите на другите? Можно ли е нашите проблеми, стравови, опсесии и фрустрации да резултираат со љубов? Дали опсесивно-компулсивното нарушување на одредена личност ставено во радикално поинаков контекст може да се претвори во генијалност? Дали е можно авторитетот подобро да функционира кога е прикриен, затскриен зад маската на „обичноста“? Дали елекромагнетните бранови од мобилите телефони нè полудуваат? Можно ли е да се отвори Пандорината кутија што ја носиме во себе за храбро да се соочиме со сите зла кои ќе излезат од неа и да ги надминеме или победиме?
Оваа пиеса отвора многу прашања, одговорите остануваат на публиката.

 

Страница 77 од 79
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk