Сите сме птици

Актери

Статус на актер

Сите

%PM, %15 %532 %2023 %12:%Фев

Лагата

 

РЕЖИСЕРСКА БЕЛЕШКА

„Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при прв контакт со текстот, може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, всушност, тоа со што се занимава текстот, а воедно и нашата претстава, е лагата како феномен.

Живееме во „лажно време“, односно во време кога лажењето е општо прифатена пракса, без разлика дали станува збор за бели лаги, лажно претставување на социјалните мрежи, лажни вести, лажни ветувања, понуди, проекти, градби, политики... ние секојдневно сме изложени на лаги од најразлични размери. Оттаму и идејата да се работи токму овој текст, при што преку еден комичен пристап ќе се фокусираме на ваквите општествени појави кои, за жал, се сѐ почести до мера што лажењето е развиено на ниво на општествено прифатлива норма.

Флоријан Зелер во „Лагата“ иако е сконцентриран во брачните односи, успева да ни понуди една широка палета на концепти, сфаќања и практики на лажењето. Ставајќи го брачниот пар во размери на микрокосмос и согледувајќи ги сите причинско- последични состојби што произлегуваат од лагите во кои се обвиткани и продолжуваат да се завиваат ликовите, лесно можеме да си ги претставиме аналогиите што произлегуваат, а се однесуваат на општеството како макрокосмос.

Како дел од палетата на разните концепти на лагата, ќе имаме можност да се соочиме со изреките: лагата има куси нозе; лажливецот мора да има добро памтење; како и сфаќањата дека лажењето е секогаш погрешно, освен кога има добра причина за тоа (што значи дека не е секогаш погрешно!); или дека лажењето по дефиниција е давање некакви информации додека се верува дека се невистинити, со намера да се измами, или барем да се доведе до заблуда, личноста која ја лажат (при што информациите не мора секогаш да се лажни).

Притоа ако продолжиме понатаму да ги развиваме аналогиите меѓу споменатиот микро- и макрокосмос, т.е. брачниот пар како олицетворение на општеството, тогаш тоа што им се случува на ликовите на сцена лесно може да се припише на целото општество, при што ќе дојдеме до заклучок до кој дошле многу филозофи кои се занимавале со лагата. Имено, луѓето најлесно лажат за општествено прифатливи норми. А доколку самата лага стане општествено прифатлива норма, тогаш паѓа општото ниво на вистинитост; тогаш луѓето се поттикнуваат да лажат; на луѓето им станува потешко да си веруваат едни на други, а истото се случува и во однос на институциите; ослабува социјалната кохезија; никој никому не му верува и на крај општеството пропаѓа.

%PM, %15 %541 %2023 %12:%Фев

Кец на десетка

%PM, %27 %559 %2023 %13:%Фев

Иванов

 

Во Македонскиот народен театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „ИВАНОВ“, по текстот на А. П. Чехов, преводот од руски јазик го направи Драгица Најческа, а адаптацијата и режијата се на Зоја Бузалковска. Во претставата ќе играат: Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина…
published in Новости
По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани. Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како…
published in Новости
Кога ја добив поканата од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, да ја пренесам годинешната порака за Светскиот ден на театарот, со што сум исклучително почестена, се сетив на една мисла која ја прочитав некаде, а која вели дека е невозможно за театарот да зборуваш спокојно. И мислам дека тоа…
published in Новости
Светскиот ден на театарот - порака на Самиха АјубЗа сите мои пријатели – театарските уметници од целиот свет.Ја пишувам оваа порака за вас по повод Светскиот ден на театарот, и се чувствувам обземена од среќа, дека вам ви се обраќам; секој нерв во моето битие трепери под притисокот на она…
published in Новости
Почитувани, РСМ НУ Македонски народен театар - Скопје има чест да Ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. Настанот ќе се оддржи на 03 април 2023, понеделник, во 12:00 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар - Скопје, по повод 78 години од првата премиера…
published in Новости
Страница 78 од 78
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?