Јасмина Поповска е родена на 14 јули 1959 г. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Тодорка Кондова-Зафировска и проф. Слободан Унковски, во 1984 г. Веднаш по дипломирањето се вработува во Македонски народен театар - Скопје.