Камка Тоциновски е родена на 27 јуни 1979 г. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсек за актерска игра 2000 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
Селективна театрографија
Алис (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
Весела, инспициент (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
Џејн Ливингстон (Ничија земја, 2017), автори: Дaнис Тановиќ и Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
Вдовицата, Мајката на Аладин (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
Дупка Валкана (Балада за големиот костур, 2004), автор: Мишел де Гелдерод, режисер: Владимир Милчин: продукција: НТ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
Старата жена, Кловнот, Толи (Колку пати ќе умираме?, 2003), според романот на Петре М. Андреевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Народен театар - Битола;
(Комплетно нов месија, краткометражен филм, 2000), режисер: Александар Русјаков.
Награди
Награда за најдобра актерка на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, Р. Македонија, 2013 г.;
Награда „Вељко Маричиќ“ за најдобра млада актерка за улогата на Мала во „Другата страна“ на Меѓународниот театарски фестивал во Риека, Хрватска, 2005 г.;
Награда „Tрајко Чоревски“ за најдобра млада актерка на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2004 г.;
Награда за актерка за 2004 г. на „Златна Бубамара на популарноста“;
Награда за најдобра млада актерка на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2002 г..
Дополнителни информацииТВ - серии:
Ана Каљменди (Беса, 2018), автор: Тони Џордан, режисер: Душан Лазаревиќ;