Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Од 1993 г. до 2014 г. работи во Македонски народен театар – Скопје, и потоа во 2018 г. повторно се враќа на истата сцена.