Актери

Статус на актер

Сите

Марија Новак

Марија Новак е родена на 31 август 1969 г., во Охрид. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Од 2007 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • (Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
  • Хор (MAMMA MIA!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар – Скопје и Проспот - Словенија;
  • Евда (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Груња (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Втората жена (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
  • Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Женско царство, 2012), народна приказна, автор: С. Л. Костов, продукција: театар „Пампур“ - Ѓорче Петров;
  • Маријета Ривал, актерка на Молиер (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Марчелина (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
  • (Темпирана опера, 2010), автори: Бертолт Брехт и Ентони Барџис, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Тетка Савка, Вториот полицаец (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • (Дундо Марое, 2008), автор: Марин Држиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Македонски народен театар;
  • Пациент (Мара/САД, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Фарса за храброт Науме, 2006), автор: Русомир Богдановски, режисер: Благојче Божиновски, продукција: ЗГ „Градски театар Охрид“;
  • (Испревртена приказна, 2005), автор и режисер: Благојче Божиновски, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Миротворец, 2005), автор: Дејвид Холман, режисер: Благојче Божиновски, копродукција на Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид и Детски театарски центар, Скопје;
  • (Хамлет во пикантен сос, 2005), автор: Алдо Николај, режисер: Горан Стојаноски, Иницијатива за формирање професионален театар во Охрид;
  • Дона Либера (Рибарски караници, 2004), автор: Карло Голдони, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
  • (Сојтарии, 2000), автори: Милан Ласица и Јулиус Сатински, режисер: Марија Новак, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид (иницијатива за формирање професионален театар во Охрид);
  • (Охридската Талија,монодрама, 2000),  автор: Томе Момировски, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Оскар, 1999), автор: К. Маније, режисер: Марија Новак, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Црвенкапа), автор: Александар Поповиќ, режисер: Горан Стојаноски, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Панургиј, 1998), автор: Русомир Богдановски, режисер: Горан Стојаноски, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Собирен центар, 1998), автор: Душан Ковачевиќ, режисер: Горан Стојаноски, продукција: Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • (Доктор Фаустус, 1998), автор: Кристофер Марлоу, режисер: Дејвид Готард, продукција: Охридски театар, (иницијатива за формирање професионален театар во Охрид);
  • (Светлосиното куче Петар, 1996), автор: Урбан Ѓула, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје;
  • (Оревокршачка, 1994), либрето, автор: Петар Илич Чајковски, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје;
  • (Пинокио, 1994), автор: Стеван Пешиќ, режисер: Мелита Бихаљ, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје;
  • (Спомени во ноќта, кабаре, 1993),  автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци, Скопје;
  • Евридика (Словенски Орфеј, 1992), автор: Зоран Стефановиќ, режисер:  Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;
  • (Ловечка сказна, 1991), автор: Стеван Пешиќ, режија и продукција: „Театромобил“;
  • (Сојтарии, 1991), автори: Милан Ласица и Јулиус Сатински, режија и продукција: „Театромобил“;
  • Лана (Надвор од умот, 1991), автор: Васил Христов и Александар Микиќ, режисер: Васил Христов, копродукција: Младински културен центар - Скопје и Македонски народен театар - Скопје;
  • Параскева (Бисери и свињи, 1992), автор: Братислав Димитров, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар - Куманово;
  • (Лонг плеј, 1990), автор: Горан Стефановски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Народен театар - Битола;
  • Камелија (Ништо без Трифолио, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар - Куманово;
  • (Денови од нашиот живот, 1989), автор: Леонид Андреев, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар. 

Селективна филмографија

  • Д-р Пешева (Врба, игран филм, 2019), режисер: Милчо Манчевски;
  • Наставничка (Донка, краткометражен филм, 2019), режисер: Александар Арсовски;
  • Жената на премиерот (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
  • Магде (Медена ноќ, 2015), режисер: Иво Трајков;
  • Сестрата на Ива (For loosers only, 2013) режисер: Иво Трајков;
  • Муслиманка (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
  • ТВ серии и емисии („Алф во Ново Лисиче“, „Македонија може“, „Македонски народни приказни“, НННРВ);

 Останато:

  •  Организатор во неколку сценски и филмски продукции:
  •  „Мирот“ копродукција: НУЦК „Григор Прличев“, Охрид со француската компанијата „Дурур“;
  • „Десет“ продукција: „Видео Мултимедиа“ – Скопје, Сценски приредби и настани на сцената на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и училиштата во Охрид;
  • Иницијативи активно да се воведе сценската уметност во основното и средното образование во вид на интерактивни претстави, трибини и обиди за соработка со училишта во Охрид;
  • Учество во проекти со странски и домашни продукции во областа на Форум театарот.

Награди

  • Гран при „Васил Ќортошев“ на ДАФ, Кочани, за претставата „Викенд на мртовци“, 2004 г., автор: Миле Попоски, режисер: Марија Новак, во изведба на Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
  • Прва награда на Балканскиот фестивал на комедија, пантомима и сатира, за претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, адаптација и режија: Марија Новак, во изведба на Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • Награда за режија на ДАФ, Кочан, 2004 г. за претставата „Викенд на мртовци“, автор: Миле Попоски, во изведба на Охридски театар, при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • Признание на ДАФ – Кочани за драматизација на расказот „Лазаревото писмо и писание“ 2002 г. , автор: Живко Чинго;
  • Награда за режија на претставата „Сон на летната ноќ“, 1999 г. автор: Вилијам Шекспир, на ФААТ, Кочани, во изведба на Драмското студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид.

Дополнителни информации

Селективна театрографија како режисер:

  • „Саспишас фејс - Сомнително лице римејк“, (2005), според Бранислав Нушиќ, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид.
  • „Ај не туку ми се шетај гола“ (2005), автор: Жорж Фејдо, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Убишка“ (2005), автор: Васе Манчев, Драмско студио при НУЦК „Глигор Прличев“, Охрид;
  • „Круг “ (Circle), во рамки на проектот Тheatre Projection Techniques, копродукција на НУЦК „Григор Прличев“, Охрид, и КЦ „Медиа Артес“, Охрид;
  • „Во светот на бајките“(2004), детски мјузикл, НВО „ММХ“ - Охрид;
  • „Викенд на мртовци“ (2004) автор: Миле Поповски, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Ловечка сказна“ (2003), автор: Стеван Пешиќ, Охридски тетар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Рокенрол бегалка римејк“ (2003), Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Хајди“ (2002), драматизација, автор: В. Рамадан, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Лазаревото писмо и писание“, според расказ од Живко Чинго, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид;
  • „Беше еднаш на Дивиот запад“ (2001), автор: Драгана Бошковиќ, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид;
  • „Рокенрол бегалка“ (2001), според Васил Иљоски, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Сојтарии“ (2000), Милан Ласица и Јулиус Сатински, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Убавицата и ѕверот“ (2000), автор: Игор Бојовиќ, Аматерски театар при Дом на култура „Браќа Миладиновци“, Струга;
  • „Оскар“ (2000), автор: К. Маније, Охридски театар при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид;
  • „Штурецот и мравките“ (1999), автор: Миле Поповски, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Мустаќите на генералот Рококајко“ (1999), автор: Ристо Давчевски, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид;
  • „Сон на летната ноќ“ (1999), автор: Вилијам Шекспир, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Венецијанските близнаци“ (1999), автор: Карло Голдони, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид;
  • „Убавицата и ѕверот“ (1998), автор: Игор Бојовиќ, Драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид.

Професионални ангажмани:

  • Член на УО на НУЦК „Григор Прличев“, Охрид (2004 -2007);
  • Вработена во НУЦК „Григор Прличев“, Охрид, како раководител на театарска дејност, актер и режисер во Охридскиот театар (2000-2007);
  • Раководител на Детско драмско студио при НУЦК „Григор Прличев“, Охрид (1998-2000);
  • Вработена во „Театар за деца и младинци“, Скопје (1993-1998);
  • Основач на театарот „Театромобил“ во Охрид, со Драган Довлев и Горан Стојаноски (1991-1992);
  • Име Марија
  • Презиме Новак
  • Година на раѓање 1969
  • Пол Женско
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk