Нино Леви е роден на 19 јануари 1960 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски и проф. Слободан Унковски, во 1987 г. Од 1989 г. е вработен во Македонски народен театар - Скопје.