Оливер Митковски е роден на 22 јануари 1974 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 1997 г. Од 2000 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.