Сашко Коцев е роден на 28 ноември 1981 г., во Љубљана, Словенија. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2006 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.