Сенко Велинов е роден на 15 октомври 1965 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Работи во театрите: Непсинхаз, Суботица (1990), Драмски театар, Скопје (1992 – 1999), Македонски народен театар (1999 – 2000), директор на Драмски театар, Скопје (2001-2002), а од 2002 г. повторно е во Македонски народен театар - Скопје.