Актери

Статус на актер

Сите

Владимир Јачев

Владимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин.Во 2010 г. на Факултетот за драмски уметности, Скопје ги завршува и постдипломските студии по театрологија. Од 1994 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Селективна театрографија

  • Хари Брајт (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон и Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот-Словенија;
  • Трпе (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Клеант (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
  • Варда Склир (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Новеченто (Приказна за пијанистот на океанот – Новеченто, монодрама, 2013), продукција: Македонски народен театар;
  • (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Македонски народен театар;
  • Патрокло (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Мажот (Лет во три глави, 2009), автор: Загорка Поп-Антоска Андоновска, режисер: Никола Ристов, продукција: Македонски народен театар;
  • Лазар (Свето срце, 2009), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ричард (Среќните денови на љубовникот, 2007), автори: Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, режисер: Нелко Нелковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Рагби (Болва в уво, 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Шестиот (Слепци, 2005), автор: Морис Метерлинк, режисер: Томи Јенежич, продукција: Македонски народен театар;
  • Џој Хајнс (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар;
  • Хамлет (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Владиката Григориј, Поручник Симоновиќ (Белите коњи, 2003), автор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
  • Витез Дансен (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓорѓиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Расим (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Столе (Гроф Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Тиресеј (Антигона во техноленд, 1999), автор: Софокле, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
  • Виктор Дебисон (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Роби (Шопинг енд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Стенли Вебер (Роденден, 1995), автор: Харолд Пинтер, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Жолта Евреина (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Павел Иванович Чичиков (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Топук (Буре Барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Корифеј, Мајстор за оружје (Мир, 1993), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Либен (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Александар Македонски (Крик, 1992), автор: Блаже Минески, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • Јаков Росман (Ослободување на Скопје, 2016), ржисери: Данило и Раде Шербеџија;
  • Коле (Мајки, 2010), режисер: Милчо Манчевски;          
  • (Сам и заедно, 2008), режисери: Арон и Дерек Џонс;  
  • Шишкин (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
  • Игнатие (Стрмоглави, ТВ-филм, 2006), режисер: Маја Младеновска;
  • Инспектор  (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
  • Таткото (Бубачки, 2003), режисер: Иванов, Игор – Изи, продукција: Сектор филм-Скопје;
  • Спасе (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
  • Полицаецот Перо (Џипси меџик, 1997), режисер: Столе Попов, продукција: Вардар филм-Скопје;
  • Ангеле (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитрие Османли, продукција: ТФРЗ Пегаз - Скопје; Чаплајн филм-Софија;
  • Алија (Пред дождот, 1994), режисер: Милчо Манчевски, продукција: Полиграм; Аим Продакшн; Ное Продакшн; Вардар филм-Скопје;
  • (Крикот на немиот индијанец, 1993), режисер: Томислав Алексов;
  • Полицаецот (Тетовирање, 1991), режисер: Столе Попов, продукција: Мирко продукција, Вардар филм-Скопје.

Дополнителни информации

ТВ-серии:

  • Тадеј (Преспав, 2016), продукција: ОХО;
  • Име Владимир
  • Презиме Јачев
  • Година на раѓање 1971
  • Пол Машко
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk