Актери

Статус на актер

Uncheck

Ана Стојановска

Ана Стојановска е родена на 29 јули 1988 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Кирил Ристоски и вон. проф. Зоја Бузалковска во 2010 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Наташа, Ирина (Три сестри, 2020), автори: Антон Павлович Чехов, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Арт медија - Скопје;
  • Вештерка 2 (Макбет, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Катја, слугинка (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
  • Мари-Терез Валтер (Госпоѓиците од Авињон, 2018), автор: Сашо Димовски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Македонски народен театар;
  • Жозефина (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Актерката (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Македонски народен театар;
  • Клајковица, Чуле (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Ени, Кити (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Хела (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Стујардесата (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Љубов (Станица љубов, 2015), автор: Александар Русјаков, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Станица 26, Скопје;
  • Етјен (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Беба (Грев или шприцер, 2011), автор: Сашко Насев, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Соја (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Вампирката (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Офелија (Барајќи ја Офелија, 2015), според Вилијам Шекспир, режисер: Биљана Радиновска, продукција: Лист продукција - Скопје;
  • Слугинката (Вртелешка), автор: Артур Шницлер, режисер: Оливер Мицевски, продукција: Продукција ХИ-ФИ;
  • Грејс Станер (Гнев, 2010), автор: Стивен Кинг, режисер: Зоја Бузалковска, Факултет за драмски уметности - дипломска претстава.

Селективна филмографија

  • (Кајмак, игран филм, 2021), режисер: Милчо Манчевски;
  • Касиа (Гласот на тишината, игран филм, 2020), режисер: Илија Павлов;
  • Ана (Ефект на среќа, 2019), режисер: Борјан Зафировски;
  • (Без љубов, 2017, краткометражен филм), режисер: Дина Дума; 
  • Преведувач во кафеана (Ослободување на Скопје, 2016), режисери: Данило и Раде Шербеџија;
  • (Збор, 2015), режисер: Слободан Деспотовски;
  • Лина (Материјал за аудиција, 2013), режисер: Ѓорче Ставрески;
  • Александра Ивановска (Само кажувам, 2013, краткометражен филм), режисер: Јелена Гавриловиќ;
  • Парти Гоер (Ефект Пепелашка, 2012), режисер: Шејн Мортон;
  • Ана (Скопје Ремиксд, 2012), режисер: Даријан Пејовски;
  • Нели (Вера, љубов и виски, 2012), режисер: Кристина Николова;
  • Ана (Мајки, 2010), режисер: Милчо Манчевски;
  • Ена (Бунило, 2009), режисер: Даријан Пејовски;
  • Првата девојка (Превртено, 2007), режисер: Игор Иванов-Изи.

Дополнителни информации

ТВ-серии:

  • Хелена Клеопатра (Преспав, ТВ серија, 2019);
  • Антонија (Инсајдер, 2017);
  • Учителката Василка (Тврдокорни, 2013);
  • Калина (Од денес за утре, 2010), режисер: Иво Лауренчиќ.

Реално шоу:

  • Учесничка во реалното шоу „Преживеан“ (Визион тим, 2009);
  • Водителка на емисијата „Дај побрзај“ (Продукција Томато, 2009).

Реклами и спотови:

  • Тамара Тодевска - Нејќеш да сум сама;
  • Eye of charm - Farawale mashine;
  • Биба Додева - Баксузи во љубовта;
  • Угро - Фраер од пелени.
     
  • Име Ана
  • Презиме Стојановска
  • Година на раѓање 1989
  • Пол Женско
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk