Само глас

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов е роден на 15 јули во 1963 г., во Скопје. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на  Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во 1987 г. Од 1987 до 1992 година работи во Драмски театар - Скопје, а потоа и во Македонски народен театар - Скопје.  

Селективна театрографија

  • Режисерот Љубиша (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
  • Татко на Ана (мјузикл Тајно моја, 2017), либрето: Огнен Неделковски, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонска опера и балет - Скопје;
  • Мишел (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска - Попова, продукција: Македонски народен театар;
  • Џек (Брачна игра, 2016), автор: Едвард Олби, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Кралот Иби (Кралот Иби, 2007), автор: Алфред Жари, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
  • Јеротие Пантиќ (Сомнително лице, 2007), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Алексо (Лаж и паралаж, 1996), автор: Јован Стерија Поповиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
  • Маки ножот (Опера за три гроша, 1996), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: НТ „Војдан Чернодрински“- Прилеп;
  • Голдеберг (Роденден, 1995), автор: Харолд Пинтер, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Џими (Обѕирни се во грев, 1995), автор: Џон Озборн, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Мане (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Спира (Народен пратеник, 1993), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Џанго, Црни (Грев или шприцер, 1991), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Ацо Шпрт (Чија си, 1992), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Арман (Балконот, 1991), автор: Жан Жеже, режисер: Ивица Кунчевиќ, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Силјан (Силјан штркот шанца, 1990), автор: Дејан Дуковски, режисер: Драгослав Тодоровиќ, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје;
  • Пит (Спасени, 1990), автор: Едвард Бонд, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Јанкула (Чудовиштата од нашиот град, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје;
  • Сината тога (Лице и опачина, 1989), автор: Јордан Радичков, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Антифол од Ефес, Антифол од Сиракуза (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Едмунд Тајрон (Долго патување во ноќта, 1988), автор: Јуџин О’Нил, режисер: Патриса Хамарстром, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Занек (Стапица, 1987), автор: Тадеуш Ружевич, режисер: Богдан Хусаковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Сен (Смртта на Дантон, 1987), автор: Георг Бихнер, режисер: Петар Вечер, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Стефан Милер, Халесен Ифер (Р, 1987), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Садукеј (Салома, 1985), автор: Оскар Вајлд, режисер: Милан Белегшанин, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Понг (Авантурите на Понг и Луси, 1985), автор: Смит Доди, режисер: Душан Наумовски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Дудикин (Иванов, 1984), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • Лики Ми (I love you, I swear, игран филм, 2020), режисер: Марјан Гавриловски;
  •  Сопственик на таверна, Музичар (Ослободување на Скопје, 2016), режисери: Данило и Раде Шербеџија;
  • (Боли ли?, 2007), режисер: Анета Лешниковска;
  • Ангелот (Ноќ спроти Св. Василиј,ТВ филм, 2001);
  • (Збогум на дваесеттиот век, 1998), режисер: Дарко Митревски, Александар Поповски;
  • Џекет (Добредојдове во Сараево, 1997), режисер: Мајкл Винтерботон;
  • Чале (Алф од Ново Лисиче, ТВ филм, 1990), режисер: Иван Карадак;
  • Владимир Спирковски (Викенд на мртовци, 1988), режисер: Коле Ангеловски;
  • Душко (Ѕвездите на 42-та, ТВ филм,1987);
  • Пахомиј (Климент Охридски,ТВ филм, 1986);
  • (Време на летала,ТВ филм, 1982);
  • (Учителот, ТВ филм, 1980);
  • Трајче (Македонски дел од пеколот, 1971), режисер: Ватрослав Мимица.

Награди

  • Награда за животно дело на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, 2019 г.;
  • Награда за трајни вредности на „Златна бубамара на популарноста“, 2016 г.;
  • Награда за концерт на годината на „Златна бубамара на популарноста“, 2013 г.;
  • Награда за водител на годината на „Златна бубамара на популарноста“, 1999 г.;
  • Награда за најпопуларно ТВ лице на „Златна бубамара на популарноста“, 1997 г.;
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобра епизодна улога за улогата на Спира во претставата „Народен пратеник“ 1993 г.;
  • Награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ - Струмица за монодрамата „Детски работи“ од Р.Кус Струмица, 1994 г.;
  • Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Црна“ на Народниот театар Куманово, 1990 г.;
  • Награда „Димче Трајковски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1989 г.;
  • Специјална награда за најдобар актер на меѓународниот фестивал Театарски празници во Р. Бугарија.

Дополнителни информации

ТВ-серии:
  • Миле (Преспав, 2017-2020), продукција: ОХО;
  • (Седум приказни за љубовта и свршувањето, 2003);
  • Симон мечка (Наша мала клиника, 2010/11, Србија);
  • Игор (Македонија може, 1991);
  • Владимир Спирковски (Викенд на мртовци, 1990);
  • (Девојките на Марко, 1987);
  • (Театарче Лево ќоше, 1987);
  • (Училиште за кловнови, 1987);
  • (Случки од животот, 1987, една епизода);
  • (Сонце на дланка, 1986);
  • Трајче (Волшебното самарче, 1975).

Режии:

  • (Мерлин Монро, пак ли, 2000), автор: Димитар Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Стапица, 1987), автор: Тадеуш Ружевич, режисер: Богдан Хусаковски, продукција: Драмски театар - Скопје, соработник на режисер.

Автори и избор на музика за претстави:

  • (Брачна игра, 2016), режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонски народен театар, музичка илустрација заедно со Весна Петрушевка;
  • (Рекламна бајка, 1989), режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Сказна за сказните, 1985), режисер: Афродита Кирјаковска, продукција: Македонски народен театар;

Автор на книги:

  • Улица Диши длабоко, 2017 г., издавачка куќа Три;
  • Умрен човек, 2016 г., издавачка куќа Три;
  • Облечен човек, 2014 г., издавачка куќа Три;
  • Приказни од Мјаукедонија, 2013 г., издавачка куќа Три;
  • Прирачник за антиантиалкохоличари, , 2011 и 2013 г., издавачка куќа Три;
  • Гол човек, 2007 и 2013 г., издавачка куќа Три.


Музичка кариера:

  • „Ова не е блуз“, соло албум, 2000 г.; автор на бројни хитови: „Тажна љубов, среќна песна“ (изведувач: Тамара), „Скопје, Сарај, Матка ... и обратно“ (изведувач: самиот автор), „Нешто убаво“ (изведувач: Ребека), „Во бестрага“ (изведувач: Брејк), „Слободен“ (изведувач: Ареа), „Шток ми бејби“ (изведувач: Хавана бенд) ...; песна „Зошто ние се дружиме“, дует со Раде Шербеџија, 1995 г.; Грејтест хитс, соло албум, 1994 г.; настапи на фестивалите Макфест – Штип и 1992 г. и Интефест - Битола 1994 г.; автор на музиката за ТВ серијата Македонија може, 1991 г.; Хавана Бенд, формирана 1990 г.; Поп, формирана 1975 г.

 
Водител:

  • ЏИШ ТВ-емисија ( 2012), продукција: Македонска радио телевизија;
  • Тркало на среќата,ТВ квиз (2009), продукција: Македонска радио телевизија;
  • Пирамида, гејм-ток шоу (2007), продукција: Македонска радио телевизија;
  • Дневна соба, ТВ емисија (1995 – 2005), продукција: Сител телевизија;
  • Џандар збира, ТВ квиз (1998);
  • Бинго, ТВ квиз (1996 - );
  • Радио станица КМР Скај (1992)

 Останато: 

  • Перформанс Ноќ со ѕвездите (2017), продукција: Македонски народен театар;

  • Име Игор
  • Презиме Џамбазов
  • Година на раѓање 1963
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?