Само глас

Нина Гачиќ Деан

Нина Гачиќ Деан е роденa на 31 јули 1987 г., во Нови Сад, Србија. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во 2010 г. Од 2012 до 2015 г. работи во НУ Театар „Комедија“, а потоа во 2016 г. преминува во Македонски народен театар - Скопје.

 Селективна театрографија

  • Соња (Реалисти, 2018), автор: Јелена Кајго, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: СПОНА;
  • Жозефина (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Софи Шеридан (МАММА МIА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер:Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот - Словенија;
  • Ќерката Ана (Кец на десетка, 2017), автор: Митко Бојаџиски, режисери: Драган Спасов и Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
  • Лиз (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб, Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Силјаница, Си Биле (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Наратор (Разговор во четири очи, 2016), автор: Ингмар Бергман, адаптација: Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, копродукција: Македонски народен театар и Скопје филм студио;
  • Андреа (Нешто пропуштаме, 2015), автор: Горјан Милошевски, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Фрида (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Мирина (Лисистрата, 2015), автор: Аристофан, режисер: Наташа Поплавска, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Луиза Владу (Кој пукаше на 21ви?, 2014), автор: Керил Черчил, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
  • Марина Дербарендикер (Чувството на брадата, 2014), автор: Ксенија Драгунска, режисер: Борис Лијешевиќ, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Беатриче (Многу врева за ништо, 2014), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Гвендолин Феарфакс (Важно е да се викаш Ернест, 2014), автор: Оскар Вајлд, режисер: Ирена Стеријовска, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Глорија (Стујардеси, 2013), автор: Марк Камолети, режисер: Синиша Евтимов, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Агафија Тихоновна (Женидба, 2013), автор: Катерина Китоска, режисер: Дејан Пројковски, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Тутуика (Лет над кандидатското гнездо, 2013), автор: Блаже Миневски, режисер: Андреј Цветановски, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Аманда Бежар (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Мал камен (Евридика, 2012), автор: Сара Рул, режисер: Нина Николиќ, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Сузан Таир (Ах, љубов моја, 2012), автор: Коле Ангеловски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Девојката Емилија (За секого има по една, 2012), автор: Венко Андоновски, режисер: Владлен Александров, продукција: НУ Театар Комедија – Скопје;
  • Девојката (Шехерезада – црна комедија во 1001 минута, 2011), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, копродукција: Македонски народен театар и Виш продукција;
  • Дороти (Волшебникот од Оз, 2011), автор: Лиман Френк Баун, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • (Лајк, 2011), продукција: балетско студио „Ребис“ - Скопје;
  • (Темпирана опера, 2010), адаптација на текстот: Васил Христов („Опера за три гроша“, автор: Бертолт Брехт и „Пеколен портокал“, автор: Ентони Барџис), режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Маги (Немој ти мене Фауст, 2010), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Пациент (Мара/САД, 2010), автор: Петар Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Без норми, без правила, 2010), режисер: Нина Николиќ, кореографи: Билјана Јовановска, Симона Спировска, Нина Деан, Александра Кочовска, продукција: Центар за драмски уметности Т-хаус - Скопје;
  • (Исти на различен начин, 2010), автор: Венко Андоновски, режисер: Наташа Поплавска, проект на ОБСЕ;
  • (Дипломска претстава, 2010), продукција: Факултет за драмски уметности - Скопје;
  • (Заспани, 2009), (кореодрама според „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов), режисер: Нина Николиќ, продукција: Факултет за драмски уметности Скопје.

Селективна филмографија

  • Нина (Cut here, 2016), режисер: Кристијан Ристевски;
  • Ана, актерката во претстава (Балканот не е мртов, 2013), режисер: Александар Поповски, продукција: Кино око, македонско-француско-турска;
  • Сузан Таир (Ах, љубов моја, 2012), автор: Коле Ангеловски, режисер: Коле Ангеловски;
  • Нина (Скопје Ремиксд, 2012), автор: Срѓан Јаниќијевиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
  • Русинката (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски;
  • Келнерката (Бунило, ТВ-филм, 2009), режисер: Даријан Пејовски;
  • Рамона (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски.

Награди

  • Наградата за актерка за 2017 г. на „Златна бубамара на популарноста”;
  • Награда за најдобра главна женска улога на Фестивалот на античка драма „Стоби“ за улогата на Беатриче во претставата „Многу врева за ништо“ , 2014 г.;
  • Награда за најдобра главна женска улога на Меѓународниот фестивал во Суботица, за улогата на Дороти во претставата „Волшебникот од Оз“, 2013;
  • Наградата за за најдобра млада актерка на „Златна бубамара на популарноста”, 2012 г.

Дополнителни информации

ТВ-серии:

  • Елена (Фамилија Марковски, 2017), режисер: Даријан Пејовски;
  • Јана (Наше маало, детска серија, 1999), режисер: Игор Иванов - Изи.

Кореографија и учесник - избор:

  • Мајсторот и Маргарита, 2015 г., автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Евридика, 2012 г., автор: Сара Рул, режисер: Нина Николиќ, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Вртелешка, 2012 г., режисер: Теа Беговска, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Троил и Кресида, 2010 г., автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Без норми, без правила, 2010 г., режисер: Нина Николиќ, продукција: Центар за драмски уметности Т-хаус - Скопје;
  • Заспани, 2009 г. (кореодрама според „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов), режисер: Нина Николиќ, продукција: Факултет за драмски уметности - Скопје.

Останато:

  • Од 2012 г. започнува со предавање на глума и сценско однесување во балетското студио „Ребис“;
  • Учество во ТВ реклами и музички спотови.


 

  • Име Нина
  • Презиме Гачиќ Деан
  • Година на раѓање 1987
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?