Само глас

Сенко Велинов

Сенко Велинов е роден на 15 октомври 1965 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Работи во театрите: Непсинхаз, Суботица (1990), Драмски театар, Скопје (1992 – 1999), Македонски народен театар (1999 – 2000), директор на Драмски театар, Скопје (2001-2002), а од 2002 г. повторно е во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Кралот Данкан (Макбет, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Џорџ (Кој се плаши од Вирџинија Вулф, 2012), автор: Едвард Олби, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Ѓоре (Тупаница полна љубов, 2010), автори: Дејан Дуковски и Санди Лопичиќ, режисер: Санди Лопичиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Симон (Свето срце, 2009), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ренфилд (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски;
  • Аврам (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насев, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Пантелеј Ризов (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Мориц (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Антонио Салиери (Амадеус, 1996), автор: Питер Шефер, режисер: Златко Славенски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Гилденстерн (Розенкранц и Гилденстерн се мртви, 1994), автор: Том Стопард, режисер: Златко Славенски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Дон Жуан (Дон Жуан, 1994), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ненад Стојановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Арган (Вообразен болен, 1993), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Троил (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Кинезот Чуанг Ли, Младиот архивар, Непознатиот гостин, Инкогнито 1 и Бретон (Чернодрински се враќа дома, 1992), автор: Горан Стефановски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Х. Х. (Емигранти, 1992), автор: Славомир Мржек, режисер: Владо Цветановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Војводата (Бура, 1992), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар - Скопје;
  • Ѓорѓи Балазов (Безбог, 1991), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар - Битола;
  • Крчмарот (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Новинар, Војник (Јулије Цезар, 1982), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • Поп Ване (I love you, I swear, игран филм, 2020), режисер: Марјан Гавриловски;
  • Лав (Магнолија, краткометражен филм, 2018), автор и режисер: Ана Опачиќ;
  • Рајо (Исцелител, 2017), автор и режисер: Ѓорче Ставрески;
  • Арно (Збор, 2015), режисер: Слободан Деспотовски;
  • Боро (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
  • Муфти Салкановиќ (Шангај џипси, 2012), режисер: Марко Наберсник;
  • Шефот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски;
  • Нараторот (Луѓе без земја, документарен филм, 2011);
  • (Американецот, ТВ-филм, 2006), режисер: Слободан Деспотовски;
  • Џемсит (Вампирџија, 2002), режисер: Горан Тренчовски;
  • Ахмет (Одмазда, 2001), режисер: Јан Хинтјенс;
  • Огнен (Мултилевел, 2000), режисер: Горан Тренчовски;
  • (Крик на немиот индијанец, ТВ филм, 1993);
  • (Чернодрински се враќа дома, ТВ-филм, 1992), автор: Горан Стефановски, режисери: Ацо Алексов и Слободан Унковски;
  • Другарот на Матеј (Хај-Фај, 1987), режисер: Владимир Блажевски.

Награди

  • Награда „Златна маска“ за најдобро актерско остварување на фестивалот „Охридско лето“, за улогата на Салиери во претставата „Амадеус“ (1996);
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобро актерско остварување за улогата на Салиери во претставата „Амадеус“, 1996 г.;
  • Награда за актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Гилденстерн во претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ - Прилеп, 1995 г.;
  • Награда „Климент Охридски“ за улогата Гилденстерн во претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“,1995 г.;
  • Награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на Х.Х. во претставата „Емигранти“ - Струмица, 1993 г.

Дополнителни информации

ТВ-серии:

  • Зоран Мишевски (Фамилија Марковски, ТВ серија, 2019), режисер: Емилија Чочкова;
  • Томче (Од денес за утре, 2010 – 2011);
  • (Патување со рабробил, 2006);
  • (Заведени, 2002);
  • (Трето доба, 1987);
  • (Едно лето, 1982).
  • Име Сенко
  • Презиме Велинов
  • Година на раѓање 1965
  • Пол Машко

Претстави:

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?