Весна Гаврил - Тапшановска е родена на 03 април 1989 г., во Ресен. Дипломира на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА-Париз-Скопје-Њујорк, на отсекот за актерска игра, во класа на проф. Ѓорги Јолевски во 2011 г. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.
Селективна театрографија
- Учителка по англиски (Госпоѓа Министерка, 2015), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Силвија (Тигар, 2011), автор: Мореи Шизгал, режисер: Драган Велјановски, продукција: Младински културен центар;
- Косара (Владимир и Косара, 2009), автор: Загорка Поп-Антоска Андоновска, режисер: Слободан Милатовиќ, продукција: Министерство за култура на РМ, Министерство за култура на Црна Гора, Скопско лето и Барски љетопис;
- Игнација (Душички, 2008), автор: Загорка Поп-Антоска Андоновска, режисер: Загорка Поп-Антоска Андоновска, продукција: НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово;
- Вини (Play Beckett/Среќни денови, дипломска претстава, 2008), автор: Семјуел Бекет, режисер: Ѓорги Јолевски, продукција: Драмски театар-Скопје;
- Хор (Троил и Кресида, 2006), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Ученик (Р, 2006), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Младински културен центар.
Награди
- Добитник на „Златен Аполон“ за најдобра актерка, за улогата на Косара во претставата „Владимир и Косара“, 2009 г.;
Дополнителни информации
ТВ серии и синхронизации:
- Мис Стоун (Тврдокорни, епизода: Јане Сандански), режисер: Миле Гроздановски;
- Магдалена (Македонски народни приказни, епизода:Тодор Паница);
- (Македонски стари приказни, 2011), продукција: ТВ Сител;
- Синхронизација на анимирана детска серија „Бон Тон“.