Актери

Статус на актер

Uncheck

Весна Петрушевска

Весна Петрушевска е родена на 10 март 1970 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли во 1992 г. Од 1993 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

Селективна театрографија

  • Актерката Добрила (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
  • Мајката на Ана (мјузикл Тајно моја, 2017), либрето: Огнен Неделковски, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонска опера и балет;
  • Џилијан (Брачна игра, 2016), автор: Едвард Олби, режисер: Тони Михајловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Геле Лав (монодрама Последна шанса, 2014), автор: Мирјана Бобиќ - Мојсиловиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Среќата (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Деспина Поплавска (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Марта (Кој се плаши од Вирџинија Вулф, 2012), автор: Едвард Олби, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Живка министерка (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Неда (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насев, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ленче (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Маркиза де Мертеј (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристифер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Вагинални монолози, 2001), автор: Ив Елснер, режисер: Димитар Станковски, самостоен проект во копродукција со Македонски народен театар;
  • Лепа (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Варвара Петровна (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Мерлин Монро (Мерлин Монро пак ли, 2000), автор: Димитар Христов, режисер: Игор Џамбазов, продукција: Македонски народен театар;
  • Елен Јиндел, Жената, Мајката на Бетмен (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автори: Кристијан Ристевски и Франк Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Студентката (Песочна сложувалка, 1999), автор: Јана Добрева, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
  • Доста (Железно пиле, 1999), автор: Благоја Ристески, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
  • Келнерката (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Првата љубов (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Глена (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Роза (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Цвета (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристески, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Силви (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Злата Поп Петрова (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Јованка (Седумка, љубов и смрт, 1993), автори: Коле Ангеловски и Владимир Талевски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;
  • Свршеницата (Мартолозот, 1992), автор: Григор Прличев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Млекарката, Сениште (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар;
  • Водена кокошка, Елизабета Правацка (Водена кокошка, 1992), автор: Станислав Виткиевич, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
  • Рада (Заморени, 1991), автор: Небојша Ромчевиќ, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;
  • Девојчето (Лице и опачина, 1989), автор: Јордан Радичков, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар – Скопје.

Селективна филмографија

  • Дама 2 (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
  • Вики (Контакт, 2005), режисер: Сергеј Станојковски;
  • Весна Петрушевска (Стравот, документарен филм, 2013);
  • Сања (Денес, утре, 1998), режисер: Игор Поп Трајков;
  • Оли (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитрие Османли;
  • (Крик на немиот индијанец, ТВ-филм, 1993).

Награди

  • Награда за ТВ водител за 2000, 2001, 2002 и 2003 г. за манифестацијата „Златна буба мара на популарноста“.

Дополнителни информации

ТВ-серии:

  • („Бејби шоу“, 2005-2006);
  • Сиси (Погрешно време, 2000/01);
  • Мара (Наше маало, 1999);
  • Мимоза (Салон Хармони,1998).
ТВ проекти:
  • Водител на Радио ток шоу „Вртелешка“ (2014, Радио Слободна Македонија);
  • Водител на ТВ ток шоу „Вечер со Весна“ (2013/14, ТВ Алфа);
  • Водител, програмски директор и координатор на ТВ ток шоу „Вртелешка“ (2001 - );
  • Водител на ТВ ток шоу „Пулсирање“ (1986, Македонска радио телевизија);
  • Сценарист и водител на гејм ток шоу „Пирамида“ (Канал 5 телевизија).

Автор:

  •  Автобиографска книга „Трофеј“ (2016), издавач: Три.

 

  • Име Весна
  • Презиме Петрушевска
  • Година на раѓање 1970
  • Пол Женско
  • Статус на актер Активен ансамбл
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk