Актери

Статус на актер

Uncheck

Владимир Ендровски

Владимир Ендровски е роден на 18 април 1963 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г. Од 1993 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

 

Селективна театрографија

  • (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Алексеј Кирилов (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Комшилук наопаку, 2007), автор: Нина Митровиќ, режија: Ненни Делместре, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Вадиус (Една вечер со ... , 2006), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Булдог (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насв, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ристе, Бале (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Трајан, Богдан, Дуко (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Првиот крадец (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Капетан Лебјаткин (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Арнолд Кримп, Криминалец, Психопат (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автор и режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ботар (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Антоан (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Брајан (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејнхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Младичот, Непознатиот (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Макро, Проповедник (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Д-р Алојзие Зилбербрант (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Јован Ангел (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Борис (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Манилов (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Целе Бумба (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Вториот момок, Уплавот, Мајстор за оружје (Мир, 1993), автор: Аристофан, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Зевас (Чудовиштата од нашиот град, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје;
  • Трговец, Дромио од Сиракуза (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Далавера змеј (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ѓубреџија (Баал, 1987), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • Коки Лабуд (Некои други приказни, сегмент: Македонска приказна, 2010), режисер: Марија Џиџева;
  • (Самитот на Шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
  • Затвореникот Варден (Контакт, 2005), режисер: Сергеј Станојковски;
  • Стипе Прикачин (Бал-кан-кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
  • Вториот истражувач (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
  • Андарт (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
  • Безимениот (Збогум на 20-от век, 1998), режисер: Дарко Митревски, Александар Поповски;
  • Доре (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митиќевски;
  • Трајче (Пред дождот, 1994), режисер: Милчо Манчевски;
  • (Марика лета со авион, ТВ-филм, 1988);
  • Чарли (Пикасо, ТВ-филм, 1987).

Награди

  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување во ТВ серијата „Трст виа Скопје“, во режија на Богдан Поп Ѓорчев (1990).

Дополнителни информации

ТВ-серии:
  • (Еурека, 2 епизоди, 1991);
  • Дино (Трст виа Скопје, 1990), режисер: Богдан Поп Ѓорчев.
  • Име Владимир
  • Презиме Ендровски
  • Година на раѓање 1963
  • Пол Машко
  • Статус на актер IN MEMORIAM
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk