"ГРАН ПРИ" ЗА ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИ
„Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, на 22. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола доби "Гран при" за најдобра претстава и најдобра режија.
Вечерва на свеченото фестивалско затворање ќе се доделат наградите, а во чест на наградените ќе се одигра и претстава.
Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија - Скопје.
Со почит,
РСМ НУ Македонски народен театар