Горчливите солзи на Петра фон Кант
Изложба „ОД ТЕКСТ ДО ПРЕТСТАВА“ (МАКЕДОНСКИТЕ АВТОРИ НА СЦЕНАТА НА МНТ)

Ве информираме дека по повод 74 години од првата премиера на сцената на Македонски народен театар - Скопје, на 03 април во 12 часот, во фоајето на театарот, ќе биде отворена изложбата „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е Чорбаџи Теодос, премиера: 16. 08. 1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега 400 поставени/обновени претстави, над 100 се дела на македонски автори од различни генерации. Во секоја од нив на различен начин се третира секојдневнието, традицијата, митовите и приказните. Не само како драмски текстови, но и преку игра, слика – сценографија и костимографија, и дизајн - програмка и плакат. Се конструираат модели на сцена кои интерпретираат и демонстрираат вистинска театарска култура и се спојуваат/истакнуваат наративноста и комуникацијата, наивизмот и бајковитоста, сатирата и реалноста, комиката и фантазијата.

Идејата на оваа изложба е да се прикажат авторите од различни генерации чии дела, во континуитет, постојано се прикажуваат на сцената на Македонски народен театар – Скопје. Тоа се меѓу останатите Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски, Венко Андоновски, Дејан Дуковски и други. Низ драмските текстови и подготовката/поставувањето на истите, односно низ експонатите ќе се прикаже патот на еден драмски текст од напишан збор до одигран и изговорен збор на сцена. Оживувањето на драмскиот текст. Истовремено, тоа е и приказ на богатото драмско творештво на македонските автори но и нивниот приказ во различната и обемна сценска продукција. Низ сите авторски дела, создадени се автентични решенија кои македонскиот театар го подигнаа на високо рамниште, како составен дел од одразите и настаните на светската театарска сцена. Ќе се опфати целосното оформување и поставување на драмата на македонскиот автор, од текст до сцена, откривајќи притоа различни сензибилитети и идејни концепти, а во зависност од актуелниот временски и просторен миг.

Влезот е слободен.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?