Јавен повик

Рок за пријавување: 20 април, 2021 г.

Studio Teatar и LOOP, ве покануваат да бидете дел од меѓународната работилница во јавни простори – Драг непријател. Концептот е развиен во соработка со меѓународнa екипа на партнери во рамките на проектот „Патиштата на хероите“(The Ways of the Heroes), поддржан од „Креативна Европа“ (Creative Europe). Инспирирана од ремек-делото на Ибзен „Народен непријател“, работилницата ќе се занимава со општествените и еколошките проблеми кои се еднакво актуелни денес како и пред 140 години. Работилницата ќе се одржи во Зеница (Босна и Херцеговина), град кој денес се соочува со бројни еколошки предизвици.

Учесниците ќе ја испитуваат употребата на јавниот простор како живеалиште на уметноста, и како простор за уметничка артикулација на јавниот дискурс преку методи кои ги ставаат јазикот на театарот, движењето на телото и самиот автор во срцето на урбаната фабрика на градот. Темите како: демократија, јавен живот и уметност ќе бидат фундаментални во рамките на истражувањето.  

Работилницата ќе ја предводи меѓународен тим на автори. Дваесетте одбрани учесници од различни земји и уметнички дисциплини ќе истражуваат на бројни локации во Зеница во период од 8 дена.  Крајниот резултат од работилницата ќе биде серија перформанси во јавни простори што ќе се прикажат на отворањето на фестивалот „Летни вечери на Студио Театар“. На учесниците ќе им биде дадена можност за истражување, меѓусебно поврзување, размена, кокреација и меѓународна видливост на крајниот резултат.  

Патните трошоци, сместувањето и оброците ќе бидат обезбедени од страна на организаторите.

ДАТУМИ

  • Датум на објавување на повикот: 20 февруари 2021 г.
  • Рок за пријавување:20 април 2021 г.
  • Објавување на резултатите:10 мај2021 г.
  • Работилница: 6 – 13 јули 2021 г.
  • Летни вечери на Студио Театар – отворање:13 јули 2021 г.

СПЕЦИФИЧНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ

  • Апликантот мора да биде постар од 18 години на денот на последниот рок за пријавување. 
  • Апликантот може да биде студент или професионалец
  • Апликантот мора да биде активен на полето на изведбените уметности
  • Нема ограничувања во поглед на работното искуство и националноста
  • Апликантот треба добро да го познава англискиот јазик

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратка биографија на англиски
  • Видео на англиски во кое апликантот одговара на прашањето Зошто сакам да бидам дел од работилницата Драг непријател (максимално времетраење на видеото: 2 мин.)
  • Прикачете ги материјалите на следниот линк АПЛИЦИРАЈ ОВДE
    (За дополнителни информации скенирајте го QR-кодот или посетете некоја од веб-страниците наведени подолу.)

ВОДАЧИ НА РАБОТИЛНИЦАТА 

Харис Пехливанидис (ГР), Томас Стеиарт (БЕ),Зијах Соколовиќ (АУ/БиХ),Дарја Ризова (MK),Саша Ханџиќ (БиХ), Нусмир Мухаремовиќ (БиХ).

Дополнителни информации на: www.studioteatar.com & www.thewaysoftheheroes.com

A beloved enemy digital use header footer

 
 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk