МНТ членка во Асоцијацијата на балканските национални театри АБНТ

Македонски народен театар - Скопје заедно со Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија, и четири други национални театри од различни држави од Балканот ја основаа/се вклучија во Асоцијацијата на балканските национални театри / АБНТ /. Имено, Мариус Донкин, директорот на „Иван Вазов“, и претставниците на театрите од Македонија, Албанија, Косово, Словенија и Романија потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е здружување на театрите и размената на искуства. На асоцијацијата ќе се приклучат и театрите од Турција, Србија и Грција, кои ќе се потпишат на меморандумот во текот на месец март и кои не присуствуваа на основањето на асоцијацијата во Софија. 
На церемонијата присуствуваа Мариус Донкин - директорот на „Иван Вазов“, Јернеј Пристов - меѓународниот менаџер во Националниот театар на Словенија, Агон Мифтари - уметничкиот директор на Народениот театар на Косово, Хервин Кули - генералниот директор на Народениот театар на Албанија, Нина Николиќ - режисер, претставничката од Македонски народен театар - Скопје, Македонија и Адриана Попеску - меѓународен менаџер на Народниот театар во Букурешт.
Една од главните цели на асоцијацијата е  организирање на форуми, кои ќе се случуваат секои две години во балканските национални театри. Првиот форум ќе биде во 2020 г., а домаќин е националниот театар„Иван Вазов“ од Бугарија - како иницијатор на идејата. Овој меморандум произлегува од потребата за вистинска, плодна и конкретна соработка помеѓу националните театри од земјите на Балканот, взаемно запознавање и дејствување на креативно и лично ниво, креирање и расправа за нови уметнички платформи, идеи и форми на театарското делување во средината на 21 век. Целта е споделување на нови и функционални креативни идеи и практики во работата на Националните театри како главни национални културни институции кои го претставуваат националниот и регионалниот идентитет на земјите на Балканот.
Според иницијаторот за основањето на мрежата, Мариус Донкин, „ова здружение е најдиректниот и најефикасен начин на комуникација, креативен живот и соработка. И ова е еден од начините на кои нашите народи ќе живеат подобро. Да се ​​надеваме дека она што го создаваме сега има долг живот и значење за сите. Верувам дека ќе бидеме достојни за развојот на активна духовна и културна активност. Во периодот помеѓу театарските форуми ќе организираме работилници за драматурзи, сценографи, ќе разменуваме автори, претстави и  актери.“
„Докажани сме дека работиме како професионалци и имаме огромна публика - сето тоа ни дава верба дека оваа иницијатива има огромен потенцијал. Ќе ми биде драго да ги видиме тука и националните театри на Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, изјави режисерката Нина Николиќ. 
„Унијата што ја создадовме денеска не е само политичка, туку главно културна. И тоа значи дека заедно сме посилни. Дека ќе бидеме повеќе пријатели и нема да сме непријатели. И преку културата, ќе постигнеме мир и соработка. Ние ја делиме заедничката приказна што мора да ни даде верба да одиме напред“, категоричен беше Хервин Кули .


Срдечно,
НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk