МНТ со „Ничија земја“ гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа“, Р. Бугарија

Од 11 до 19 мај во Благоевград, Р. Бугарија, по шести пат оваа година ќе се оддржи Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа", на кој Македонскиот народен театар ќе настапи на 19 мај со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов. Оваа година фокусот на фестивалот е ставен на младите автори и експерименталната младинска програма со мудри естетски изрази. Покрај младинската програма, на фестивалот ќе бидат прикажани претстави со класични и современи текстови. „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е да им помогне и да им даде можност за докажување на младита театарски уметници да ја покажат храброста и да експериментираат на независната сцена. Неговиот тим се стреми да ги покаже најдобрите режисерски имиња. Следното гостување на МНТ со „Ничија земја“ е на 8 јуни во Прилеп, на отварањето на 53-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Во претставата играат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Марија Кондовска, Томе Станковски и Никола Стефанов.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk