„Нема да биде крај на светот“ учествува на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ 
 
„Нема да биде крај на светот“, копродукциската претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција - Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, на 24 октомври со почеток во 19:30 ќе биде дел од ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ТЕАТАРСКИ СРЕДБИ БРЧКО ДИСТРИКТ, БиХ, насловени под слоганот „Болест на Општеството“ (Bolest Друштва). 
 
Во официјалната фестивалска програма кој започна на 20, а ќе заврши на 28 октомври, покрај нашата театарска куќа, опфатени се и театри од регионот, меѓу кои: Сатирично казалиште „Керемпух“ и Градско драмско казалиште „Гавела“, Загреб - Р Хрватска, Црногорско народно позориште и Центарот за култура во Тиват - Р Црна Гора, Босанско народно позориште, Зеница - БиХ, Ателје 212, Белград и Српско народно позориште, Нови Сад - Р Србија и други. 
 
Театарските средби во Брчко се основани пред 49 години, а во својата речиси половина век долга традиција, средбите ги променија правилата и предлозите за организација, продукција, структурата на оценувањето и наградувањето на претставите и поединците, како и начинот на селекција и избор на изведби.  
Според селекторот, проф. Владо Керошевиќ, од оваа година тоа се „Интернационални театарски средби“, на кои можат да учествуваат сите театри од БиХ и од странство, со квалитетни претстави без разлика на јазикот на кој е напишан или изведен драмскиот текст. 
 
Известува - Мила Анѓелковиќ
РСМ НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk