Warning
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 983
Посети

 

Пензионери од Скопје во посета на новиот театар Воодушевени од грандиозноста на објектот

Пензионери Над стотина пензионери од Скопје предводени од претседателот на СЗПМ Драги Аргировски на 30 август 2013 година го посетија новиот објект на Македонскиот народен театар. Во придружба на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, Дејан Пројковски, пензионерите прошетаа низ просториите на театарот, а водичите Мила Анѓелковиќ и Рената Симоновска ги запознаа со сите поединости и значењето на овој грандиозен и репрезентативен објект на кој сите му се воодушевуваат. Притоа беа презентирани податоци околу изградбата, значењето на орнаментите со кои богато се украсени таванот, ложите и балконите, за сцената и другите детали, за кои изразија интерес посетителите. Импресивноста беше зголемена со сознанието за врвната технологија и системската опременост, за можностите при создавањето посакувани сценски ефекти, кои, покрај другото го овозможуваат 7.000 светилки, или, пак, со сознанието за 11.000 парчиња вградени орнаменти. Исто така, пензионерите имаа можност да ја видат и новопоставената свечена завеса на која е насликан стариот театар што постоел до 1963 година. За време на посетата, тие не го криеја своето воодушевување од раскошниот објект изграден на местото на стариот театар покрај Вардар на кој со носталгија се сеќаваат. Театарот е отворен за сите граѓани што сакаат да го видат. Освен во понеделник, секој ден има четири термини за посети со водичи - во 11, 13, 15 и во 18 часот. - Од отворањето на театарот посетеноста е огромна, што може да се види и од Книгата на впечатоци, во која има прекрасни зборови за се што може да се почувствува и да се види во театарот. Се надевам дека присутноста ќе биде уште поголема во наредниот период, рече министерката за култура Канческа - Милевска. - Импресиите се многу големи. Ова е нешто невидено на овие простори и мислам дека ќе биде врежано кај секој посетител, особено кај нас постарите, зашто го знаевме стариот театар. Сега ова е нешто поново, многу поубаво и многу поперспективно, со повеќе сали, седишта... И благодариме на министерката за култура што ни излезе во пресрет да го посетиме овој објект бидејќи кај мене доаѓаа многу пензионери што сакаа да го видат и сега сите се одушевени. Соработката што Сојузот ја има со Министерствата за култура и за труд и социјална политика е во интерес на 288.000 пензионери во Македонија, од кои 250.000 се наши членови, и таа треба да биде пример, - истакна претседателот на СЗПМ Драги Аргировски. Изјава даде и потпретседателот на Собранието на СЗПМ

2Бесник Поцеста: - Нашето воодушевување од сето ова што го видовме овде ни кажува дека Македонија има сили за вакви градителски потфати со кои ги дефинира својата историја и идентитет. Верувам дека, ако би се појавил некој голем цар од историјата, би посакал овој преубав објект да биде негов, но нема никому да му го дадеме, ова е наше македонско, ова и припаѓа исклучиво на Македонија. Објектот му беше свечено предаден на Македонскиот народен театар во мај, а ќе биде отворен со премиерната претстава „Вечна куќа”.

М.Д.

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk