„ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП“ ГОСТУВА НА 30. ДЕНОВИ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО КРАЊ И НА „ГАВРАН ФЕСТ“ ВО ЗАГРЕБ
Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ гостува на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј во Крањ, Р Словенија. Монодрамата од авторот Семјуел Бекет е во режија и изведба на актерот Ѓорѓи Јолевски и ќе биде одиграна на 27 мај 2022 година во Македонскиот културен центар – Крањ. Отворањето на фестивалот е на 20 мај, а програмата ќе трае до 29 мај.
Следното гостување на претставата е на 29 мај на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk