Горчливите солзи на Петра фон Кант
Повик за детска работилница
 
Македонскиот народен театар во соработка со издавачката куќа Гаврош ги кани сите заинтересирани „големи и мали“ деца на работилницата „Насликај ми приказна, раскажи ми слика!“ - основи на визуелното и вербалното раскажување во сликовниците за деца.
 
Возраст: 5+
Датум: 07.05.2022
Време: 11:00 -14:00 часот
Место: РСМ НУ Македонски народен театар
 
Како се прави сликовница?
Постои ли книга без текст?
Што е „јунак”?
Што е корица?
Како се раскажува со зборови, 
а како со слики?
Како зборовите и сликите заеднички ја прават сликовницата како целина?
Можеме ли да направиме сликовница за 3 часа?
 
Работна програма:
• Вовед 30 мин
• Создавање на приказни (низ игра) 40 мин
• Цртање илустрации 80 мин
• Изработување на корици 30 мин
• Во нашата библиотека
• Презентација и заклучоци
 
Овој настан е продолжение на првата работилница одржана во Malo pozorište „Duško Radović“ во Белград, Србија и е дел од меѓународниот проект Патиштата на хероите. Работилницата ќе ја предводат Ника Гавровска (уредник и автор на сликовниците „Бел“ и „Бамбино“) и илустраторката Наташа Андонова.
 
ВАЖНО! Бројот на места е ограничен на 14 деца, па своите пријави пратете ги на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 05.05.2022
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?