Прес-конференција 17 декември во 11 часот – Премиера „Разговори во четири очи“

Премиерно на 23 декември во просториите на Македонскиот Народен Театар ќе биде одиграна интимната претстава Разговори во четири очи. “Тоа е семејна драма, која обработува теми кои не засегаат и со која сакаме да допреме длабоко во човечките емоцииЌ рече Нина Николиќ режисерка на претставата работена по текст на Ингмар Бергман.

Press

Адаптацијата на текстот е на Тамара Барачков, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, сценографијата е на Сања Аврамоска, а продуцент е Томи Салковски. За видео и фотографија е ангажиран Петар Кочишки, автор на дизајнот на плакатот е Ника Гавровска, а Маја Трајаноска е консултирана за изборот на музиката.

Улогите ги толкуваат одличните и веќе докажани актери Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов, а на фотографија се појавуваат Мира Јовановска, Ана Атанасова и Магдалена Петрова.

Директорот на МНТ Дејан Пројковски посочи дека претставата е копродукција на продукциската куќа „Скопје филм Студио“ со Македонскиот народен театар. „Станува збор за прекрасен текст, како и прекрасна актерска екипа која ја изведува претставата“, додаде Пројковски.

Билетите за премиерата на 23 декември се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500,00 ден.
За 24 и 25 декември (прва и втора реприза) цената на билетот е 300,00 ден.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk