Свечено отворање ТАНЦ ФЕСТ 2018 „Орландина“ - Танцов театар Љубљана „Д.О.Л.“ - Скопје Танцов театар
Tанц Фест 2018
 
04 април, 20ч. Македонски наорден театар
 
„Орландина“
Танцов театар Љубљана
 
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Изведувач: Росана Хрибар
Музика: Тони Китановски
Дизајн на претставата: Алан Хранитељ
Дизајн на светло: Аљаж Залетел
Продуцент: Жива Брецел
 
„Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрбар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, претставата „Орландина“ така насловена од кореографката, е интимна приказна на танчер, раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар.

Росна Хрибар е една од најзначајните и најпознати танчери на словенечката современа танцова сцена од 10970 години наваму. Се школува на Танцовата академија во Љубљана, магистрира со „Уметноста на движењата“ на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Во изминатите две декади Росана Хрибар соработува како танчер и короеграф со скоро сите значајни словенечки кореографи, театарски режисери и различни современи танцови ансамбли, во Словенија и во странство. Добитник е на „Трдиновата награда“ на градот Ново Место за значјани достигнувања во областа нa современиот танц во 2008 година, како и на „Жупанчич наградата“, највисокото уметничко признание на Градот Љубљана во 2001 година и на највисокото национално признание за врвни уметнички дострели, државната награда  „Прешернова награда“ во 2015 година. Во последните години Росана работи на исклучително значајни танцови серии, дуети со транс-гендер предзнак, кои и донесоа награди на многу значајни интернационални танцови натпревари, како и на домашната (словенечка) танцова платформа „Гибаница“. Росана Хрибар е трикратен добитник на наградата „River Man“ за најдобра претстава/изведба на годината, како и награда за танцовиот филмот „10 години“, кој, покрај другото, е добитник и на „Награда на градот Виена за најдобар карток филм“ на фестивалот на Словенечки филм.


„Д.О.Л.“ Скопје танцов театар   Кореографија Адријана Данчевска Музика Александар гроздановски Херцел Костими Благј Мицевски   Настапуваат: Матеа Киселичка, Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Јакуб Мунко, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Бобан Русески и Тереза Лазарев „Трансформација на изграден профил. Дел први по дел втори и губење во содржината. 10 профила поставуваат крај. Заокружувањето на оваа сцена не беше наша желба.“ Адријана Данчевска е танчер и кореограф во Скопјe танцовиот театар. Завршува Скопје танцова академија, под менторство на проф д-р Рисима Рисимкин, а во моментов работи како асистент-демонстратор на Катедрата за современ танц при УГД. Учествува во севкупната продукција на Скопје танцовиот театар, а гостува и на проекти надвор од земјава. Како кореограф, за Скопје танцовиот театар создава повеќе кратки кореграфии: “32°”, (дел од претставата “Импулс“); "Alive somewhere else" (2014); "Four" (2016); "СИМБОЛ"(2016) и "Wrong"(2017) за Универзитетот за убави уметности од Цирих. "Wrong" е изведена на Maritime Silk Road Festival во Чуанџо, Кина (2017) и Holland Dance Festival во хаг Холандија (2018). Данчевска со Скопје танцовиот театар како танчер на сите негови гостувања во и надвор од земјава и тоа: фестивал за танц и невербален театар, Сенвинченто, Хрватска; ИТС фестивал, Амстерам, Холандија; Келн, Германија; Пекинг, Кина; "Open stage program" во Хаг и Ротердам, Холандија; Интернационалниот фестивал “SHARE” во Братислава, Словачка; Maritime Silk Road Festival во Чуанџо, Кина (2017) и Holland Dance Festival во хаг Холандија. Дел е од професорскиот тим на првиот „Летен камп за современ танц“ помеѓу Кина и земјите на Централна и Југоисточна Европа, исто така работи со Yukio Suzuki на проектот на Танец Прага и Balkan Dance Project vol.1.

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk