Актерката Весна Петрушевска на 13 март со почеток во 20 часот ќе го одбележи јубилејот 25 години во брак со МНТ. Незаборавна вечер со премиерата на „ВЛЕЗИ НЕ СЕ СОБЛАКАЈ“.
Ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве испрати со љубов... Жената која стои исправено пред сите предизвици.Таа има секогаш нешто да ви каже!
Весна Петрушевска е родена на 10 март 1970 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитрие Османли во 1992 г. Од 1993 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
Вашите билети може да ги купите на билетарницата во МНТ или онлајн на https://mnt.mk/online/index.php?id=375