Во ХНК Загреб стоечки овации за актерите на МНТ и претставата „Животот е прекрасен“

Во ХНК Загреб стоечки овации за актерите на МНТ и претставата „Животот е прекрасен“ 

Вчеравечер на 18 јуни со почеток во 19:30, Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште, Загреб. Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“. Судејќи по аплаузот на публиката и коментарите актерите претставата ја одиграле маестрално.

За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за "Животот е прекрасен".Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност.

Големиот фестивал „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година успешно ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.

Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух од Загреб.

41-то издание се отвори на 2 јуни, а организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“, а оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерен лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец. 

Претставата "Животот е прекрасен" во месец мај гостуваше во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ  на сцената на  Националниот театар на Унгарија.

Со почит, 

НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk