Затворањето на изложбата Екологија на идеи
Почитувани,
По повод затворањето на изложбата Екологија на идеи на 29 април во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ на Националната галерија на Република Северна Македонија во 20:00 часот можете да бидете дел од организираната посета на поставката предводена од драмскиот автор и куратор Џан Марија Черво и актерскиот перформанс во режија на Рикардо Феста од Италија. Поставката е дел од проектот Патиштата
Оваа организирана посета ќе вдоми и микроопера како метафора за нашиот испреплетен однос со околината, вклучувајќи зборови од добро познати ангажирани уметници во придружба на клабинг-амбиент. Микрооперата вклучува цитати од Џан Марија Черво, Хенрик Ибзен (чија драма Народен непријател беше поставена на сцената на Македонскиот народен театар од режисерката Нина Николиќ) и музика од Артуро Ањечино, како и други современи композитори. Во изведбата, ќе бидат вклучени актерите Александар Михајловски, Бојан Кирковски и Антонио Ташковски, а извршен продуцент е Никола Кимовски.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..
Влезот е бесплатен, а почетокот е во 20:00 часот.