„Торонто експрес” е агенција за помош при емиграција во Канада. Целта на работењето е да се врбуваат сите Македонци со што колективно би се иселиле во ветената земја. Агенцијата е раководена од генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски признат експерт во убедување како да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет. Програмата и презентацијата се подготвени од Зоран Спасов Sоф, претседател на одборот на македонското комјунити. Во замена за оправдано отсутниот презентер Митре Стрелата, оваа мисија во последен момент му е доделена на Александар Микиќ - презентер без грам искуство. Во подготовка на прекуокеанскиот ивент активно учествуваа и проект-менаџерот Виктор Рубен, коментаторот Благоја Бошковски и ПР-експертот Деспина Тодоровска. Од македонска страна непроценлив придонес дадоа Рале (сопственик на продолжен кабел), Мартин (гуру за Пауерпоинт), како и една плавуша за која никој не знаеше што работи. И покрај тоа што целата екипа наликува на дружината на Алан Форд, сепак работи рентабилно и постигнува огромен успех. Зоран Спасов Sоф, автор АКТЕР КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА Т’ГАТА НА ВАЛЕ АКТЕР Александар Микиќ КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА Извршен продуцент: Виктор РубенСценограф: Мартин МаневКостимограф: Роза Трајческа - РистевскаГрафички дизајнер и дизајнер на плакат: Кристина ЈордановаАсистент на режисерот: Деспина ТодоровскаФотограф: Кире ГалевскиИнспициент: Александар РајковскиСуфлер: Тања ИвановскаРеквизитер: Боби ЃелиќСветло - мајстор: Игор МитревскиТон - мајстор: Стефан МихајловскиГардеробер: Скендер БеришаДекоратери: Саво Ивановски, Хусеин Халили и Дурмиш Сефер Т’ГАТА НА ВАЛЕ Гарантно писмо в џеб да си метнам, и за Канада да му ја летнам! На гурбет далечен ја да си идам па ак’ требит и пингвин ќе бидам. Да видам дали политика и тамо малтретира народ како и вамо. Овде је мрачно и мрак м’обвива и многу ѓубре земјава покрива. Бараби, шмизли и полни пепељари, и пилешко шо немојт да се сварит. Околу м’гли и несреќни лица и седумсто денари фамиљарна пица. З’ш знам дека Божо е ко нафора добар и можит да работат чак и ко собар. На Дискавери стално така си глеам и под мустаќ сама се смеам. Снег погледниш или планина, сегде смрзната је хубавина. Не, ја не можа веќе чорапи да крпам. Не, ја не можа веќе ова да трпа! Она шо ми идат в мислава моја е да кажа Чао на татковинава своја. ‘Бати Охрид, ‘бати и Струга нишчо немет, дури ни пруга. Зоран Спасов Sоф, автор