75 години МНТ
Квартет

За „Квартет“

Роналд Харвуд го напишал „Квартет“ инспириран од телевизиски документарец за Верди, чија куќа во Милано била претворена во старечки дом за оперски пејачи. Секоја година на неговиот роденден тие приредуваат гала концерт, на кој овие луѓе пеат, главно ужасно и секогаш многу потресно. По дваесет и пет години откако го гледал овој документарен филм, Харвуд се сеќава: „Беше тоа прекрасен документарец, кој ме „фати“. Минатата година тој повторно исплива на површината. И драмата се роди. Не сакав да го сместам во Италија, зашто не знам ништо за Италија. Затоа го сместив во Англија, во дом за музичари. Тоа е драма за четворица оперски пејачи, кои некогаш биле многу познати, особено поради квартетот од „Риголето“ и кога четвртиот доаѓа, решено е на 10-ти октомври, на роденденот на Верди, да го обноват својот познат квартет. И тогаш, на крајот на драмата, нема да кажам како, тие го пеат квартетот — тоа е театарскиот трик во драмата. Се работи за староста и за триумфот над неа. Еден од ликовите во текстот кажува: ’Ние сме уметници и ние треба да го славиме животот‘. За тоа е оваа драма“.  Драмата е напишана во 1999 година, и оттогаш со успех е изведувана на многу сцени низ Европа и светот. Дастин Хофман по овој драмски текст на Харвуд го сними својот филм-првенец.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?