Не се клади на Енглези


Автор: ВЛАДИМИР ЃУРЃЕВИЌ
Режисер: СИНИША ЕВТИМОВ


Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.


Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.


Ne se kladi na englezi_16-9УЛОГИ

Сашко Коцев - Паун


Оливер Митковски - Пикси


Александар Микиќ - Буле


Сценограф: Илина Ангеловска (мебел - Home by Almak)

Костимограф: Ана Данчевска

Превод: Александар Микиќ

Светло – мајстор: Владо Ќулавковски

Тон – мајстор: Ненад Трпеновски

Инспициент: Никола Кимовски

 

 

1947460_10152328672114636_1112609706_nСашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.


- Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, - рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.


Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.


Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
- Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, - потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.


 

  • Година:: 2014
  • Премиера:: 04.03.2014
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk