Купи билет он-лајн
Отело
Оценете ја претставата

Отело

  • Автор: Вилијам Шекспир
  • Режисер: Нина Николиќ
  • Информации: Копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница
    Драматург: Тамара Барачков
    Преведувачи: Маја Трајаноска Ивановска и Зина Агиќ
    Сценограф: Вишња Вујовиќ
    Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
    Сценски движења: Димитриос Сотириу
    Дизајнер на светло: Крис Јегер
    Композитор: Дуке Бојаџиев
  • Премиерна изведба: Среда, 04 Декември 2019
  • Времетраење: 130
  • Пауза: Не
  • Сцена: Голема

Отело – збор на драматургот

Третманот на класиката во современите театарски пракси отвора простор за истражување на начинот на претставување на текстот на сцена, но и испитување, во контекст на овдешните прилики на клучните мотиви и проблеми со кои се занимава драмата.

Ова читање на Отело е карактеристично поради радикалниот пристап кон шекспировиот јазик и стил, што е можеби нај очигледната интервенција на текстот. Имавме за цел да истражиме на кој начин и во која мера трансформацијата на јазикот и „преведувањето“ во современ говор може да влијае не само на изворниот шекспиров ракопис, туку и на прашањата кои ги нуди драмата. Така, јазикот стана оголен, директен и лишен од поетичноста, со што се акцентирани и нагласени и денес актуелни теми. Сепак, во одредена мера, поетичноста е задржана само во начинот на говор на Отело, што претставува уште една негова дистинкција, детаљ кој го одвојува овој лик од другите. Исто така, со постапката македонските и босанските глумци да ги играат улогите секој на својот мајчин јазик, додатно се развива поигрувањето со говорот како и прашањето на комуникација и меѓусебно разбирање.

Јаго во оваа претстава не е олицетворение на злото туку човек со слабости, несреќен и несигурен, можеби и несвесен дека една интрига и ситна пакост, која ја прави поради одмазда, ќе покрене ланец на крвави, трагични настани. Во таа смисла, немавме за цел ниту самиот Отело да го ослободиме од вина и одговорност за убиството, ниту да ги прикажеме неговите дела и однесување исклучиво како последица на сплетките и лагите на Јаго. Низ приказната за љубомората и стравот од неверство, се проблематизира односот кон жените кој го препознаваме и во денешното традиционално патријархално општество.

Тамара Барачков, драматург

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?