Ако за театарот се вели дека е игра, илузија, магија ... тогаш во него најмногу, најискрено, највнимателно ... ужива детето. А, зборовите на големиот Илија Милчин „театарот го одложуе својот долг кон најмладите гледачи, давајќи им можност да се забавуат и поучуат во спектакли блиски на нивниот степен и свет на познанија и претстави“, по повод премиерата на првата македонска детска претстава, поставена на сцената на Македонски народен театар, најдобро го потврдува ова. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар. Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот! Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 70 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и музиката режирани и водени од Срѓан Јаниќијевиќ. Некогаш се изведувала со куклите раководени од актерите Ратко Гавриловиќ, Јордан Георгиевски, Тома Киров, Марија Мачевска, Деса Прличкова, Вера Филипова, Благоја Црвенков, Добрила Иванова, Трајко Чоревски, Цветанка Јакимовска...., а денес живее преку живата игра на актерите. АКТЕРСКА ЕКИПА ТЕХНИЧКА ЕКИПА БЕЛЕШКА ОД АВТОРОТ БЕЛЕШКА ОД РЕЖИСЕРОТ АКТЕРСКА ЕКИПА Силјан - АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИБожин - НИНО ЛЕВИЕвда - МАРИЈА НОВАК / МАГДАЛЕНА РИЗОВА - ЧЕРНИХВелчо - ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌСилјаница / Си Биле - НИНА ДЕАН / НАТАЛИЈА ТЕОДОСИЕВАЕснафот - АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ / СЛАВИША КАЈЕВСКИДуховникот - ВИСАР ВИШКА/ БОРЧЕ НАЧЕВКлајк - СТЕФАН СПАСОВ/КИРЕ ЃОРЕВСКИКлајковица / Чуле - АНА СТОЈАНОВСКАСиве - ТИНА ТРПКОСКАПијаницата - СТЕФАН СПАСОВ/КИРЕ ЃОРЕВСКИКафанџиката Трпејца/Трпе - СОФИА НАСЕВСКА - ТРИФУНОВСКА/НИКОЛА АЦЕСКИ/ВЛАДИМИР ЈАЧЕВ ТЕХНИЧКА ЕКИПА Извршен продуцент: Виктор РубенИнспициент: Александар РајковскиФотограф: Кире ГалевскиСуфлер: Зорица БлагоевскаСветло – мајстор: Илија ТарчуговскиТон – мајстор: Ташко ГрујовскиВајар: Ангелчо ПетровскиРеквизитер: Соња КрстевскаГардеробери: Фиданчо Петровски, Валентина Чонкова,Светлана Апостолска и Скендер БеришаШивач: Весна ИлиевскаФризери и шминкери: Бранка Пљачковска и Моника ГрковскаДекоратери: Саво Ивановски и Срѓан Павловски БЕЛЕШКА ОД АВТОРОТ “Еден голем (возрасен) човек ми кажа дека во мојата земја, не знам која, големите на децата во театарот не им се обраќаат со зборот деца, туку им се обраќаат со зборот мали луѓе, мали Господа. Приказната за Силјан Штркот нека биде приказна за еден Господин – пораснато дете, еден од оние на кои големите им се обраќаат со зборот незрели. Адолесценти. Ако е работата одговор на сe, тогаш прашањето мора да биде крајно глупаво. Потполно легитимен став на едно големо дете, кое на пример, станува Штрк. Ако е театарот игра, тогаш само децата, големи или мали можат да се предадат на неговата незрела илузија. Таму каде што на пример, овци можат да летаат, да мјаукаат и да играат ча ча ча, а сето тоа има и уште каква смисла. Секое дете знае, чудо постои. Кој голем не сонува чуда? Но потоа, кога ќе се разбуди се однесува крајно незрело (но, не како незрело дете) и престанува да верува во нив. Големите се сеќаваат на своето детство единствено кога ги гледаат своите стари, пожолтени фотографии. Го забораваат духот којшто тие фотографии го заробиле. Па, не знам, децата знаат да сонуваат будни. Знаат да имаат фантазија. Јас сум за тоа. Работата сувопарно разбрана не е одговор на сѐ. Никој нема право да заборави дека чудата постојат. Да, Силјан беше едно време Штрк.Во детската смисла за комично и во неговата ведра интелигенција се наоѓа единствениот темел на творештвото. Ајнштајн би рекол, возрасна личност не мисли ништо повеќе за идните проблеми од она што веќе размислувала во најраното детство. Посебно ми е драго што оваа приказна извадена од големите книги на Цепенков, веќе има свое театарско претставување во драмата на Прличко. Ова беше непроценливо искуство за мене. Традицијата е најдобар учител, а нејзиното продолжување, нашиот единствен кредит.” 20. 03. 1991 Овој текст го напишав за програмот на праизведбата на мојот дипломски текст “ Силјан Штркот Шанца”. Не знам што друго би додал денес. Драго ми е, што и овој мој детски текст ќе се постави во МНТ каде што се родени или поставени речиси сите мои драми. Со цела почит кон штиците, односно луѓето на и зад нив. Дејан Дуковски, драматург БЕЛЕШКА ОД РЕЖИСЕРОТ За мене добар театар е храм на моралот. Не мислам на место каде што догматски се учат лекции по етика (тоа е лош театар), туку на место во кое сите табуа се кршат, а традиционалните морални вредности се преиспитуваат (и можеби се создаваат нови). Театар кој воспитува, а не поучува.На пример „Силјан Штркот“ на Дејан. Дејан го сакаме зашто секогаш ги пронаоѓа зборовите кои ние ги чувствуваме, а не знаеме како да ги изговориме. Кој е традиционалниот наратив на Силјан Штркот? Едно момче е проколнато од своите родители, зашто било разгалено. Па кој го разгалил!? Истите родители кои го разгалиле детето, го колнат зашто е разгалено. Прилично сурово. А мора да се признае дека е и традиционално. Чудни вредности. Она што Цепенков го запишал се случува и ден денес. Колку вакви родители препознавате денесѐ Дали е Силјан поука за децата или за родителите? Што заклучивме ние додека ја работевме оваа претстава: Подобро е никакво, отколку лошо воспитание, и дека е убаво да се смееш. На пример... А да... И уште нешто - Кој нормален би сакал да порасне во ваков свет? Срѓан Јаниќијевиќ, режисер