АКТЕРСКА ЕКИПА КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА БЕЛЕШКА ОД РЕЖИСЕРОТ АКТЕРСКА ЕКИПА Мишел ― Игор ЏамбазовСлавица ― Сашка ДимитровскаПетар ― Ивица ДимитријевиќАктерка ― Арна ШијакАктерка ― Ана СтојановскаАктерка ― Билјана Јовановска КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА Драматург и стручен соработник: Дејан ДуковскиСценограф и костимограф: Илина АнгеловскаКомпозитор: Горан ТрајкоскиДизајнер на светло: Илија ТарчуговскиИзвршен продуцент: Симона УгриновскаЛектор: Тодорка БаловаИнспициент: Вукица АлександроваСуфлер: Зорица БлагоевскаТон – мајстор: Александар АрсиќОператор на светло: Радивоје РесникДизајнер на плакат: Горјан ДоневФотограф: Драган ГајиќРеквизитер: Исмаил БакиГардеробери: Фиданчо Петровски, Валентина Чонкова и Светлана АпостолскаФризери и шминкери: Бранка Пљачковска и Моника ГрковскаДекоратери: Чедо Димовски и Русе Стефановски БЕЛЕШКА ОД РЕЖИСЕРОТ Колку и да тежнееме кон вистината, доблеста, толку тегот нѐ враќа наназад во средина ментално загадена со политика, со немир, токму како јунаците во пиесата Говорна мана. Ликовите од Говорна мана едновремено пигмалионски стануваат и актери и публика на една драма на расцеп, нивни обид за промена, па и губење на идентитетот и тоа во моментот кога се судираат две наизглед неспојливи крајности — законот на сцената и законот на политичката моќ. Текстот ни дава можност да се судриме и да се запознаеме со човек чија кариера ветува да полета кон самиот врв и за тоа бара помош од театарската илузија. На другата страна е актерот што е пред крајот на својата кариера, кој пред општествената и политичката реалност силно ги затвора очите, сѐ дури околностите не го натераат на спротивното. Авторот ни дава можност да се занимаваме со бескрајно интересни и важни теми. Ние се одлучивме да ја однесеме целата претстава уште подалеку, користејќи различни театарски текстови и предлошки што пулсираат околу водечката приказна, која пак ни укажува меѓу другото дека ниту макијавелизмот е привилегија само на политичката олигархија ниту актерството е приватна своина на театарските уметници. Пробавме да истражиме каков е нашиот однос кон стварноста... комичен, прашален, конфузен? Важно ми е што кај Марковиќ и во самиот процес со актерите успеавме да најдеме комични средства на изразување со крајно вознемирувачка содржина. Често ми се случува да се враќам на прашањата: каде е границата меѓу легитимната и ненормална борба за опстанок? Живееме во време каде што целта ги оправдува средствата, каде што моралот и човечноста не се нешто на што треба да се потпреме. Доминантниот и општествен механизам се огледува во општествениот успех што се мери со степен на траење на понижувањето од надредените и можноста да се понижува некој што е под нас. Нашите мани, погрешни проценки, грешки, големи амбиции нѐ ставаат во позиција на жртва или на жртвуван. Се занимаваме со прашањата дали треба да се жигосуваат човечките бескрупулозности, егоизмот, со прашањата на моралот, кој денес е потполно небитна категорија. Неморалното стана легитимно, вообичаено и не се обрнува внимание на тоа. Поединецот смета дека не е толку лош, бидејќи не е единствен и тоа го ослободува од одговорност. Еден лик од драмава се бори пак на сосема различен фронт, со достоинство какво што го доживува и како морална победа, тежнее кон сосема други вредности. Се занимаваме со важноста на вистината и лагата, со безобразлукот што станува најсигурна влезница, со тоа како се случило неморалното да стане нормално? Сеопшта вулгаризација на животот којашто се протега предолга низа години, на актерототсекогаш му се наметнува како таква и доволно е еднаш да удриш по погрешни ноти и никогаш потоа од тој вир нема назад. Останува како грпката на Ричард, како знак на наказното. Говорна мана е пиеса која имаше цел да создаде ода за актерот, но тој се измолкнува... Драгана Милошевски, режисер