Купи билет он-лајн
50-та изведба на „Силјан штркот шанца“

Почитувани,


Македонскиот народен театар со големо задоволство во својата меморија ја впишува 50-тата изведба на претставата за деца „Силјан штркот шанца“, која ќе се одржи на 4 декември 2018 година, во 18 часот, на Малата сцена во МНТ. Премиерата на оваа претстава, направена по истоимениот текст на Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, се случи на 20 октомври 2016 година.
Со гордост истакнуваме дека билетите за секоја изведба на претставата се однапред распродадени, а со желба и да стигнеме до стотата изведба.
Во претставата играат актер(к)ите Александар Михајловски, Нино Леви, Марија Новак / Магдалена Ризова - Черних, Ивица Димитријевиќ, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески / Славиша Кајевски, Висар Вишка / Борче Начев, Кире Ѓоревски / Стефан Спасов, Ана Стојановска, Тина Трпкоска и Никола Ацески. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска, кореограф е Александра Кочовска - Начева, а извршен продуцент е Виктор Рубен.

 
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?