„БУРЕ БАРУТ“ – Босанската премиера е на 21.9 - Наскоро и во рамките на МОТ на сцената во МНТ

Претставата „Буре барут“, во режија на Нина Николиќ, по истоимената драма на Дејан Дуковски денеска, 25 години по праизведбата на драмата, сѐ уште зборува за актуелни теми присутни во секојдневието на луѓето кои живеат на „овие простори“. Претставата зборува за бруталниот круг на насилството, кој во агонијата на непрекинатоста, полека се претвора во спирала која ги вовлекува дури и оние кои се убедени дека се имуни и доволнo силни за да побегнат. Ова е претстава која што нѐ потсетува дека не е важно кој почнал, туку дека треба да се најде јунакот кој ќе каже: „Доста!“.

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Нина Николиќ

Драматург: Драгана Лукан - Николоски

Копродукција: Босанско народно позориште, Зеница, Скопје филм студио и НУ Македонски народен театар, Скопје

Времетраење: 95 минути

Играат: Саша Ханџиќ, Мухамед Бахоњиќ, Џенана Џаниќ, Енес Салковиќ, Мирољуб Мијатовиќ, Златан Шкољиќ, Нусмир Мухаремовиќ, Анѓела Илиќ, Сабина Куленовиќ, Кемал Ризвановиќ/Александар Михајловски, Адис Механовиќ.

Костимограф: Лејла Хоџиќ

Сценограф: Ведран Хрустановиќ 

Кореограф: Томас Стеиарт

Музика: Игор Касаповиќ 

Видео и фотографија: Петар Кочишки 

Дизајнер на плакат: Димитар Димитров 

Продуценти: Томи Салковски и Хазим Бегагиќ

Извршен продуцент: Денис Крџалиќ 

Лектор: Мерима Хандановиќ

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk