Македонскиот народен театар со „Кец на десетка“ гостува на 21. „Денови на комедијата“ во Куманово
Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 9 октомври ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на програмата на 21. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово. Фестивалот почна на 2 октомври и ќе трае до 18 октомври со гостување на театри од Србија, Албанија, Бугарија, Ерменија и од Македонија.
Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе) Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше). Премиерата на претставата „Кец на десетка“, според текстот на Митко Бојаџиски, а во режија на Дрaган Спасов - Дац, се одржа на 17 ноември 2017 година.
„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува публиката и лесно комуницира со неа. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Со желба секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.
Претставата трае 75 минути, а можете да ја погледнете и на репертоарот на Македонскиот народен театар.
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk