МНТ со претставата „Копање“ го затвори Dramatikerinnenfestival Graz, Австрија
Вчеравечер Македонскиод народен театар ја имаше таа чест да го затвори фестивалот Dramatikerinnenfestival Graz со претставата „Копање“ во режија на Франц фон Штролхен. Претставата имаше две изведби (на 10 и 11 јуни) на големата сцена во несекојдневниот објект Дом им Берг, а двете изведби на претставата доживеаа големи успеси пред преполна сала со повеќе од 600 луѓе кои ја поздравија актерската екипа со долготрајни аплаузи и овации.
Станува збор за специфичен објектот кој е исполнет со мрежа на тунели и се наоѓа во стариод дел на Грац, а во времето на Втората светска војна се користел како скривница. Сега објетот е адаптиран и функционира на неколку нивоа и располага со повеќе сцени на кои се изведуваат претстави, концерти, перформанси, работилници, проекции на филмови, журки и други културни настани. Фестивалот започна на 6-ти и траеше до 11-ти јуни.
Ова патување е дел од мини турнејата на МНТ. Потоа со истата претстава, на 14 јуни следува гостување на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, а на 18 јуни МНТ со претставата „Животот е прекрасен“ гостува на денови на сатира и театар во организација на театарот Керемпух во Хрватска.
 
Срдечно,
НУ Македонски народен театар


Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk