Најновата премиера во МНТ

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за новата претстава „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓоргиев.

Според драматургот на претставата Дарко Јан Спасов „Најкратки драми на светот“ како наслов на оваа театарска претстава е позајмен од истоимената збирка кратки пиеси издадена пред точно 20 години и е приредена од театрологот Јован Ќирилов. Од изборот на четириесеттина пиеси од исто толку автори, издвоени се единаесет кои со својата драматуршки фрагментирана форма градат една заокружена сценска слика - калеидоскоп низ кој се прави пресек на театарот од првата и дел од втората половина на претходниот век а чии врзивни елементи се тоталитаризмот, недоразбирањето, тегобноста, зачуденоста, времето како не(с)фатлива категорија, општата состојбата на апсурд. Секоја од овие пиеси „минијатури“ на Муза Павлова, Чехов, Хајнер Милер, Каринти, Фридман и др. автори, од својата „неконцизна“ основа го повикуваат хуморот како спас од вртлогот на безизлезноста и гротеската што неретко е опачина на слободата.

Во претставата играат: Снежана Коневски – Руси, Габриела Петрушевска, Марија Новак, Нино Леви и Кире Ѓоревски.

Сценографското решение е на Трајче Ѓоргиев и Татјана Блажевска - Христовска, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а изборот на музиката се на режисерот и драматургот.

Премиерата е закажана на 25 – ти ноември на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, а првата реприза е на 29 – ти ноември. Билетите за премиерата и следната изведба се пуштени во продажба преку онлајн системот и на билетарницата во МНТ.

Со почит,

НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk