Отворена АУДИЦИЈА за избор на АКТЕРИ, ТАНЧЕРИ И ПЕЈАЧИ за споредните улоги во мјузиклот – МАМА МИА!

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР објавува ОТВОРЕНА АУДИЦИЈА за избор на АКТЕРИ, ТАНЧЕРИ И ПЕЈАЧИ за споредните улоги во новиот МЈУЗИКЛ – МАМА МИА

МУЗИКА: БЕНИ АНДЕРСОН И БЈОРН УЛВЕУС
ТЕКСТ: КЕТРИН ЏОНСОН
РЕЖИЈА: НАТАША ПОПЛАВСКА
ПРОДУКЦИЈА: МНТ

Мјузилот МАМА МИА е светски хит инспириран од музиката на големата музичка група АББА . Македонскиот народен театар по успешната реализација на мјузиклот Чикаго започнува со нов светски хит. Овој пат ве носиме низ приказна исполнета со љубов, забава и многу танц. Познатите поп хитови за љубовните романси на две генерации, ќе бидат новиот предизвик во новата театарска сезона 2017/2018 во МНТ.

Поради различната возрасна граница и изведувачка задача аудицијата е поделена во два дена и тоа:
1ви септември аудиција за актери и пејачи
2ри септември аудиција за танчери

УСЛОВИ:

  • АКТЕРКИ/АКТЕРИ – возраст 19 – 50 (треба да поседуваат гласовни и физички вештини) (превземи апликација)
  • ТАНЧЕРКИ/ТАНЧЕРИ – возраст 16 – 25 (покрај физички треба да поседуваат и гласовни вештини) (превземи апликација)
  • ПЕЈАЧКИ/ПЕЈАЧИ – возраст 16 - 25 (покрај гласовни треба да поседуваат и физички вештини) (превземи апликација)
  1. Сите заинтересирани кандидати ќе треба да пополнат пријавата која можат да ја симнат од веб страната на МНТ на следниот линк: https://goo.gl/3TqQu7
  2. Пријавата треба да ја испратат на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  3. Во полето SUBJECT при испраќањето на пријавата задолжително треба да стои: МАМА МИА АУДИЦИЈА / MAMMA MIA AUDICIJA
  4. Крајниот рок за пријавување е: 28.08.2017 до 24:00ч.
  5. Сите непотполни и ненаврмено испратени пријави нема да се земат предвид.
  6. Селектираните кандидати најдоцна до 29.08.2017 ќе добијат известување за термините и задачите за аудицијата.

МАМА МИА!

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk