Промена на саатница за изведбата на претставата „Макбет“

Почитувана публико,

За сите кои сеуште не ја гледавте или сакате повторно да ја гледате претставата „Макбет“ во режија на Нела Витошевиќ, ве известуваме дека поради технички причини саатницата за изведбата на 28-ми мај се презакажува во 19 часот.
Претставата првично беше најавена за 20 часот, но истата ќе се помести за еден час порано, односно ќе започне во 19 часот.

Нагласуваме дека денот на изведбата останува ист 28-ми мај - се менува само саатницата за почетокот на истата.

Однапред ви благодариме за разбирањето и се извинуваме за оваа настаната промена.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk