Симона Угриновска, в. д директор на НУ Македонски народен театар

Почитувани,

Од страна на министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, беше назначен новиот в.д директор на МНТ, Симона Угриновска. Таа на оваа позиција доаѓа по нејзиното искуство како продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи од 2010 г. Дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултет за драмски уметности - отсек продукција, во класата на проф. Мартин Панчевски, во 1993 г. Како продуцент работела и во Македонска радио телевизија и во Министерството за одбрана како помошник министер за издавачка дејност и аудуо и видео продукција. Продуцент е на над 15 театарски претстави: „Бесови“ (2011), во режија на Златко Славенски; „Свадбата на Фигаро“ (2011), во режија на Леван Цуладзе; „Парите се отепувачка“ (2011), во режија на Бојан Трифуновски; „Животот е сон“ (2012), во режија на Владо Цветановски; „Подемот и падот на кабарето“ (2013), во режија на Владимир Милчин; „Вечната куќа“ (2013), во режија на Дејан Пројковски; „Аферата Елсињор“ (2014) во режија на Љубиша Георгиевски; „Сината птица“ (2014), во режија на Златко Славенски; „Да тргнеме Сењор“ (2014), во режија на Нела Витошевиќ; „Вујко Вања“ (2015), во режија на Зоја Бузалковска; „Мајсторот и Маргарита“ (2015), во режија на Иван Поповски; „Чикаго“ (2015), во режија на Наташа Поплавска; „Брачна игра“ (2016), во режија на Тони Михајловски; „Прекината одисеја“ (2016), во режија на Јацег Гломб (копродукциски проект помеѓу НУ МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ од Полска); „Соларис“ (2016), во режија на Андриј Жолдак; „Квартет“ (2016), во режија на Зоја Бузалковска; „Тартиф“ (2016), во режија на Галин Стоев; „Говорна мана“ (2017), во режија на Драгана Милошевска, „Авантурите на Аладин“ (2017), во режија на Бојан Трифуновски; „Mamma Mia!“ (2017), во режија на Наташа Поплавска и „Госпоѓиците од Авињон“ (2018), во режија на Ненад Витанов.asdasd

НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk