75 години МНТ
Електра

{JEVK2EMBED}

Приказна базирана врз античкиот мит за клетвата и зa злосторството во едно кралско семејство и за тоа како Господ ги казнува вашите деца. Зашто сите ние стануваме одговорни за постапките на нашите родители, дедовци и прадедовци (сакале или не). Ние сме, исто така, одговорни и за нашите сопствени постапки, тие што ги правиме сега, не помислувајќи дека тие не врзуваат со нашите деца и со децата на нашите деца.

Оваа претстава ќе ја истражува суровоста скриена во длабочината на човековото битие, во неговата/нејзината потсвест (која не се гледа или, можеби, спие), за во некој историски миг (критичен за државата, за семејството или самиот човек) таа наеднаш да избега и да стане сила што целосно ја презема контролата врз стварноста. Во фокусот на претставата е токму прашањето за суровоста, за длабочината до која таа продира внатре, во човековото битие – до километар или до повеќе километри. Зошто човекот, во одредени ситуации, станува понасилен отколку што умее да биде насилен билниот или животинскиот свет?

Сестрата Електра и братот Орест решаваат пак да ја воспостават праведноста и, преку нив, Господ ги казнува тие што вршат злосторства. Секој мал или поголем кримен, порано или подоцна, мора да биде разоткриен и казнет. Сега, во 21-от век, токму како и пред илјадници години, луѓето навистина не умеат соодветно да одговорат на прашањето: „Што, во екстремните ситуации, бива со човечкото суштество, со човекот?“ Како што напишал Фјодор Михајлович Достоевски, човечката душа е во темница. А Георг Бихнер, пак, заклучил дека, доколку се загледаме во човечката душа, ќе ни се пристори дека се загледуваме во амбис и „ќе ви се зашемети од тоа што ќе го видите“.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?