Галеб

  • Автор: Антон Павлович Чехов
  • Режисер:

    Нина Николиќ

  • Информации: Драматург: Драгана Лукан - Николоски
    Сценограф: Вишња Вујовиќ
    Костимограф: Ивана Каранфиловска – Угуровска
    Дизајнер на светло: Крис Јегер
    Композитор на главната музичка тема: Влатко Стефановски
    Кореограф: Димитрис Сотириу
  • Премиерна изведба: Вторник, 18 Декември 2018
  • Времетраење: 130
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема

За авторот
Антон Павлович Чехов (1860-1904) денес се смета за еден од најголемите руски, но и светски драматичари. Во книжевноста се појавува како автор на хуморески, а потоа почнува да пишува и кратки раскази и новели. Авторски препознатлив по својот тажен хумор којшто постепено се претвора во резигнација и очај, наметнува една сосема нова, и само за него препознатлива естетика и во драмите кои ги пишува. Сосема нетипични за времето, неговите драми на почетокот не доживуваат успех. Напротив, „Галеб“ (1896), која била изведена во театарот „Александрински“ во Санкт Петербург, по повод 25-годишната кариера на ултрапопуларната актерка Елизавета Левкејева, преживеал страшен, трауматичен и голем неуспех. Безмилосрдната публика, која дошла да ја гледа омилената актерка во уште една комедија, бурно го изразила своето незадоволство. Наспроти очекувањата, публиката добила неповрзана драма, безоблична и лишена од секакво театарско јадро и сила. Погоден до коска од својот неуспех, Чехов ја напуштил салата заборавајќи на шеширот и на капутот, а така збудален од болка со часови лутал по замрзнатиот брег на Нева. По овој неуспех, во писма до својот брат напишал: „Никогаш веќе нема да пишувам драми ниту, пак, ќе се трудам да бидат изведени, дури и ако живеам седумстотини години!“ Но, неговото судбинско поврзување со Станиславски ја спасило неговата театарска кариера. Неговите пиеси „Иванов“ (1887), „Вујко Вања“ (1889), „Три сестри“ (1901), „Вишновата градина“ (1904) денес се сметаат за бисери на руската литература и за непроценливо богатство на светската книжевност.

Фото галерија

View the embedded image gallery online at:
https://mnt.mk/pretstavi/galeb#sigProIdc862cbc391
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk